Кого обвинувате за тоа што го немате а навистина го сакате? Додека си ги поставувате овие прашања, ќе сфатите колку негативни и токсични чувства струјат низ вашето тело, правејќи го напнато, како да е темпирана бомба која секој момент може да експлодира.
Некои ќе кажат дека родителите се виновни, некои за своето лошо расположение ќе го наведат незадоволството на работа, шефот, беспарицата.....Точно e дека сите тие се фактори кои можат да ви отежнуваат, да ве ограничуваат. Но, онолку колку вие тоа ќе им го дозволите. Ако се чувствувате безпомошни, јадни, искористени, отфрлете го ова мачно чувство затоа што никогаш не сте безпомошни. Секогаш постои решение.
Тајната на секоја лична трансформација лежи во раздвижување и создавање свесна намера, а првиот чекор подразбира дека навистина сакате да се смените. Самите на себе, потребно е да си поставите прашање, дали сте подготвени да станете сè што би можеле да станете, да прифатите сè што процесот на трансформација подразбира? А тоа понекогаш подразбира да си го срушите цел еден свет, за да може повторно да се изградите. Мал број поединци навистина се подготвени за вакво нешто, особено затоа што тоа често носи болка, затоа што голем дел од вашиот идентитет е вложен во начинот на живот на кој сте навикнати.
Меѓутоа, исто така ќе почувствувате болка да останете во старите обрасци кои веќе си ја надминале сопствената корисност. Од таму е потребно да дефинирате што навистина сакате да бидете и како сакате животот да ви изгледа. Но, внимавајте затоа што егото, вашиот лажен идентитет, ќе продолжи да ви го контролира животот онолку долго колку го прифаќате како свој вистински идентитет. Колку долго ќе ја поднесувате неговата тортура зависи од вашиот праг на емотивна болка - точка во која ќе кажете:„мора да постои нешто подобро“.
Кога ќе ја иницирате намерата и јасно ќе ја дефинирате промената која ја сакате, на свеста дајте и дозвола да интервенира во физичка смисла. Но, додека емотивно не се исчистите, промената нема да се случи. Тоа значи дека треба да си дозволите да чувствувате, да остварите контакт со емоциите кои надојдуваат, не критикувајќи се себе за она што го чувствувате, не сакајќи тие чувства да исчезнат и незадржувајќи ги подолго од она што природно би траеле. Кога буицата од чувства ќе се смири, кога тие ќе почнат да се намалуваат и на крај сосема исчезнат, тоа ќе значи дека емотивно е чисто. Независно како реалноста изгледа сите пречки сами сте си ги створиле.
Пред вас е задача да се соочите со фактот дека не постои никој друг кого за своите проблеми би можеле да го обвините. На патот на трагањето на вистинскиот себе, во еден момент ќе наидете на чувство на очајност затоа што ништо не ви успева, дека е залудно сè што правите. Тоа е само вашиот вознемирен ум, кој ви создава парализирачко чувство на страв. Лагата на животот создадена од умот се открива и ја покажува својата втемеленост на погрешни насоки и толкувања, создавајќи во телото конфликт со кого прагматичниот ум не може да се носи и против кого ќе се брани со целата своја сила, не грижејќи се за она низ кое телото минува.
Колку и да е ова искуство драматично и тешко, тоа е само показател дека сте на добар пат да откриете што е она што навистина го сакате. Во човековата природа е да се бори против сите промени и да се стреми да ја задржи состојбата во која се наоѓа и кога таа состојба е мирување или онаа во која не се чувствувате добро. Наспроти тоа, сега е вистински момент да создадете навика на себе почитување. Престанете себе да си префрлувате, критикувате, овбвинувате што не можете побрзо, подобро, што не сте поубави, подобри, поуспешни...Дајте си ја себе целосната подршка.