Фрустрации

Кога сте исфрустрирани и кога сте под стрес, најголема е веројатноста дека ќе почнете да се однесувате неприлагодено, затоа што сте си ја намалиле вашата способност за логичко размислување. Кога вашата возбуда ќе порасне, не сте во сосотојба да согледате дека постојат и алтернативни решенија.

Луѓето имаат особено интезивно доживување на чувство на стрес, кога ќе се соочат со ситуации кои ниту можеле да ги предвидат, ниту можеле да ги контролираат. А кога човек ќе стане фрустриран, затоа што се не му ,,оди како што планирал“, станува агресивен. Зошто? Еве зошто: пред себе ќе си поставите некоја цел. Но, на патот на нејзината реализација, наидувате на одередени пречки. Вложувате огромни напори, нив да ги отстраните, но ефектот од тоа е минорен. Шансите, целта да ја остварите се никакви или многу минимални. Заради сето ова станувате лути, нервозни, бесни, гневни. И кога ваквите емоции ќе почнат да ви се повторуваат, за резултат од тоа ќе имате појава на агресивно однесување. Значи, агресијата станала постојана придружничка на долготрајната фрустрација. Во ваков случај, може да се случи агресијата да и побегне на контролата и да ве доведе во ситуација да реагирате со „директен напад“, затоа што свеста ви е стесната и не гледате излез низ некои други решенија. Агресијата може и да ја поместувате. Тоа го правите кога од некои причини неа неможете дирекно да ја покажете спрема вистинскиот извор на фрустрација. Пример, ако ве исфрустрирал вашиот претпоставен, а вие не смеете да изманифестирате агресија кон него, таа ќе ја поместите спрема други субјекти, како брачниот партнер, децата.Во овој случај агресијата станува „сигурносен вентил“ која поединецот го ослободува од преголемата тензија, но не го решава проблемот.
 
Секако, секоја фрустрација не доведува до агресија. За среќа, фрустрациите може да доведат и до конструктивно и рационално реагирање, како најпосакуван начин на реагирање на фрустрација.На пример, кога имате некаква цел, а таа од некои причини ви изгледа за неостварлива или ви станала помалку привлечна, можете таа тешко остварлива цел да ја замените со некоја полесно остварлива, која исто така може да ги задоволи вашите потреби или желби. Ќе ви помогне и промената на вашето доживување на одредениот проблем или пречка на кои сте наишле. Обидете се, проблемот поинаку да го перцепирате. Иако нема конкретно него да го решите, со измената на личното доживување на проблемот, сте станале порелаксирани. Умееме и тоа често во нашето секојдневие и го правиме, да нашата фрустрацијата ја доведеме во врска со нашето чувство на помала вредност. 

Но, од што зависи дали ќе се почувствувате инфериорно? Од вашата склоност неуспесите во животот постојано да си ги препишувате на вашето незнаење, недоволните способности, глупост, дезорганизација, неодлучност и слично. Кога се работи за фрустрација, секогаш сме склони само да ја нагласиме нејзината негативна страна. Така на пример, знаеме дека фрустрациите и конфликтите најчесто ги предизвикуваат стресорите, лутината, стравовите, па се обидуваме, ако тоа е возможно, нив да ги одбегнеме.