Емотивна пречувствителност и несигурност во себе

За сите оние кои се емотивно пречувствителни и несигурни во себе, Центарот за едукација, советување и личен развој Imago-Self, ви нуди единствена можност како тоа да го надминете. Дојдете на едукативната работилница: ,,Емотивна пречувствителност и несигурност во себе“, која ќе се одржи на  13.04.2016 (среда) од 18:30 до 20:30 час. Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапевт. 
 
Од кога за себе знаете, ви кажувале дека сте емотивно пречувствителни. Сега сте свесни колку сте ранливи, срамежливи, повлечени, скони кон самосожалување и лоша комуникација со другите. Туѓ поглед, збор, движење, однос кон вас…. Сè гледате низ еден „емотивен микроскоп“ и сè на срце си ставате. И постојано кај себе грешки си наоѓате.
 
Несигурноста во себе ве тера постојано да ги преиспитувате одлуките кои ги носите, нештата кои сте ги сработиле. Убедени сте дека другите ве доживуваат како неспособни и дека не можете да постигнете многу повеќе од веќе постигнато.
Ставете крај  на сето ова, дојдете на нашата едукативна работилница. Заедно низ бројни веќе проверени вежби, техники, научете како да се справите со емотивната пречувствителност и лична несигурност кои толку многу ве исцрпуваат и парализираат.
 
Ранливи сте, срамежливи и запазувате фини нијанси на туѓа непристојност. Контактите со другите ве исцрпуваат. Негативно реагирате на туѓите критики. За лошата комуникација со околината другите ги обвинувате. Склони сте кон самосожалување. Станавте нервозни, со намалена самодоверба, колебливи, неуспешни и во сè гледате опасност, па за вас,  многу е побезбедно дома да се остане. Во ова се препознавате? Ако одговорот ви е потврден, страдате од емотивна пречувствителност. Емотивната пречувствителност е последица на потиснатите чувства. Некој во минатото ве повредил и тоа сте го запомнале. Емотивната пречувствителност прави да бидете несигурни во себе. Но и обратно.
 
Несигурноста во себе ве прави пречувствителни. Несигурноста во себе ве тера постојано да преиспитувате дали сте донеле исправна одлука, дали нештата добро сте ги сработиле. Сомничави сте, со страв и чувство на безнадежност. Уверени сте дека не заслужувате среќа и дека другите ве доживуваат како неспособни. Сте ја изгубиле личната моќ. Носите одлуки на кои целосно не сте им посветени.
 
Дојдете на нашата едукативна работилница, за да научите како да станете личност сигурна во себе и личност која својата емотивна пречувствителност ќе знае како  да ја пренасочи кон постигнување на  исклучителна  креативност и успешност!

За едукацијата

На едукативната работилница се формира ГРУПА составена од помал број учесници. На работилницата, можете да бидете во улога на слушател, или ако сакате може да заземете и активно учество. Во прашање е личен избор. Едукативната работилница не е групна психотерапија. Не се изнесуваат лични, интимни проблеми. На едукативната работилница теоретски, но пред сè практично се стекнувате со нови сознанија во однос на конкретната тема што е поставена.
 
Цена за работилницата: 1.000 ден.

Место на одржување: ул.Смилевска бр.12б - Скопје - Ѓорче Петров.

Време на одржување:  13.04.2016 год. (среда). од 18:30 до 20:30 час.
 
Контакт телефони: 070/ 585-033 и 078/335-957. 

Пријавување до 13.04.2016 год.(среда) до 14:00 час.  
 

Наши едукации