Излезете од лавиринтот на анксиозноста и паничните напади


Веќе извесно време чувствувате интезивни телесни тегоби: забрзана работа на срцето без некоја видлива причина, стегање во пределот на градите, чувство на недостаток на воздух и гушење.  Вртоглавица,бран на топлина или студ. Прекумерно потење, бледо лице, сува уста. Тапи болки во грбот и мускулите како целото тело да ве боли, хроничен умор и брзо заморување. Неспретност и проблеми со координација на движењата, здрвеност, тремор,  трпки во екстрамитетите, но  и по целото тело. Навали на студ, често мокрење, проблеми со варење на храната, повраќање при голем психолошки стрес. Безвкусност на храната, слаб апетит, но и прејадување. Сексуална незаинтересираност. Но тоа не е сѐ!

Чувствувате и ментални тегоби: вознемиреност, многу нереални стравови и чувство на нејасност. Потешкотии со концентрација, следење на разговор и формулација на мисли. Ментално сте отсутни заради преголемата окупираност самите со себе. Живеете во минатото или иднината и имете  страв дека ќе ја загубите контролата. Лесно може да бидете испровоцирани. Присутна е постојаната загриженост дека ќе се посрамотите и дека ќе случи некаква катастрофа, а вие тоа неможете да го спречите. Ноќни кошмари, потешкотии во учење нови работи. Краткотрајно помнење и чувство како „светот“ го носите на раменици. Промени на расположението.Чести стравови од разни болести или прерана  смрт. Доста ви е од сето  ова?

Центарот за едукација, личен развој Imago-Self, заедно со м-р Милка Ололоска, психолог – пихотерапевт, на ден 16.09.2017 година од 11:00 до14:00 часот во Јавна Соба во Скопје,  организира едукативна работилница каде ќе имате  единствена можност, низ практични вежби и техники да дознаете како со вашата анксиозност и паничните напади да се справите. 

На едукативната работилница ќе добиете:
-Сеопфатен пристап за опоравување на  физичко, емотивно, бихевиорално и ментално ниво
-Стратегии  за запирање на анксиозноста  и паничните напади 
-Скала на анксиозност и паничен напад
-Табела на решавање на проблеми






За работилницата

Датум на одржување: 16.09.2017 (сабота), 11:00 – 14:00 часот (со вклучена 15 мин. пауза)

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1200 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Сите заинтересирани за учество на оваа работилница, задолжително да се пријават на наведените контакт телефони, најдоцна до 15 ти Септември (петок) до 20:00 часот
 

 

Наши едукации