Кажете СТОП за стравот и анксиозноста



СТРАВ - ве блокираа, парализира. Ги обојува сите аспекти од вашето живеење. Ви го крои секојдневието. Сте дозволиле да ја превземе целата контрола врз вашиот живот. И животот ви станал ограничувања, сопствени репресии, казни, вина, изгубена надеж. Престанавте да живеете во сегашноста. Сега е време на сето ова да му кажете –стоп. Дојдете на нашата едукативна работилница која ја организира Центарот за едукација, советување и личен развој Imago-Self, заедно со м-р Милка Ололоска, психолог –психотерапевт, за да ви помогнеме да научите како од овој парализирачки психолошки страв да се ослободите. 

Имате фобии? Или имате чувство на непријатност, грижа, нервоза, напнатост? Страв од успех и неуспех, од подсмевање од различност, од одфрлање? Страв од невклопување, од губиток, од болест, смрт, од сиромаштија, срам, осуда...

-Се чувствувате анксиозно и имате панични напади? Имате чувство како да сте на ивица, напнати сте, испаничени, премнервозни, загрижени дека вам или на некој ваш близок ќе му се случи нешто лошо, а вие тоа нема да можете да го спречите? Заради анксиозноста чувствувате телесни симптоми како мускулна напнатост, потење, тресење, бледило,чувство на гушење и задишаност, забрзано дишење, чувство на трема, мачнина, дијареа, болки во главата, грбот, несоница,неправилна работа на срцето, кнедла во грлото и потешкотии со голтање, сува уста, слабост и трпки во рацете и нозете

Доста ви е од сето ова? Доста ви е да живеете во страв дека ќе бидете осудувани напаѓани или понижувани? Водени од стравот не се однесувате одговорно, мислите како сѐ да е залудно. Стравот ви ја краде јаснотијата на умот, вашата добробитност. Ви ја менува сликата која за себе ја имате, како и чувството на сопствената вредност, самодовербата и самопочитувањето. Го храните, верувајќи му во она што ви го говори, во што ве уверува.

Заслужувате да живеет живот ослободен од страв независно какво и да е лицето на стравот кој го имате. Заслужувсте да го имате сето она што денес заради стравот не можете да го имате како -љубов, моќ, слобода, радост, моменти на сегашност, самопчитување, позитвно самовреднување...

Ние ќе ви помогнеме тоа да го постигнете. Дојдете на нашата едукативна работилница за да низ веќе испробани техники, вежби, методи научите како сето тоа да го постигнете. Работилницата ќе ја води м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт.
 
 

За работилницата

Датум на одржување: 14.12.2016 (среда) – 18:30 – 20:30 часот

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Пријавувањето можете да го направите до: 15ти Декември, до 14:00 часот
.

Пријавувањето е задолжително
 

 

Наши едукации