Надминете ги анксиозноста и паничните напади


Анксиозни сте? Срцето силно ви бие, се потите, ви се тресат рацете или целото тело, чувствувате трнење по екстремитетите, устата ви е сува, имате  тешкотии при дишењето, мачнина во желудникот, чувство на топлина, напнатост во мускулите, чувство на кнедла во грлото, потешкотии со голтањето, тежина на градите... Мислите дека и нема крај на вашата загриженост, напнатост, постојано исчекување дека ќе ви се случи нешто лошо, а вие сте толку беспомошни тоа да го спречите...Повеќе не умеете самите да се препознаете. Секојдневно, од час во час окупирани сте со вашата внатрешна вознемиреност, напнатост, растрепереност, тескобност. И анксиозноста станала ваше секојдневие.

Ви се случува чувство на застрашувачки интезивен страв и настапувачка катастрофа проследено со бројни телесни симптоми како тахикардија, неправилен пулс, стегање во градите, гушење, препотување, тресење, чувство на нестабилност и вртоглавица, мачнина, омалаксаност...? Имате ПАНИЧНИ НАПАДИ! Чувството на непосредна животна загрозеност се манифестира како страв од ненадејна и моментална смрт (инфаркт, шлог, гушење..), како и страв од лудило и губиток на контрола. Станувате немирни, раздразливи и користите заштитни средства (лежите, јадете слатки работи...) Мислите како од сето ова мора да побегнете, ви стануваат доминантни мисли. Сте навлегле во еден затворен круг. Пред нападот на паника се чувствувате мали, ситни, беспомошни. Ве преплашува мислата дека над ситуацијата што ви се случува, вие не само што немате контрола, туку дека таа доаѓа ненадејно, а вие сте беспомошни пред таквото сознание. Станувате дополнително преплашени. Пред нападот на паника се чувствувате мали, ситни, безпомошни. Ве преплашува мислата дека над ситуацијата што ви се случува, немате контрола.  Станувате дополнително преплашени?

ДОСТА ВИ Е ОД СЕТО ОВА?  Заслужувате да живеете живот ослободен од анксиозност и панични напади. Заслужувате да го имате сето она што денес заради стравот не можете да го имате како: љубов, моќ, слобода, радост, моменти на сегашност, самопчитување, позитвно самовреднување...

Дојдете на оваа работилница, која ќе се одржи на 17 ти Март (сабота) од 18:00 до 20:00 часот, во Јавна Соба (Public Room) во Скопје, за да на конретен начин со помош на лесно применливи техники и методи, научите како ефикасно да се справите со анксиозноста и паничните напади.
 
 

За работилницата

Датум на одржување: 17.03.2018 (сабота), 18:00 – 20:00 часот 

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Сите заинтересирани за учество на оваа работилница, задолжително да се пријават на наведените контакт телефони, најдоцна до 17 ти Март  (сабота) до 14:00 часот
 

 

Наши едукации