Научи да кажеш НЕ!
Ти се случува да се сложиш за нешто, без многу размислување? Често? Од страв некого да не повредиш? Или од желба некому да удоволиш? Ти се случува да кажеш ДА ,иако мислиш НЕ? Често? Чувствуваш вина или непријатност кога треба да кажеш ,,НЕ, НЕ САКАМ, НЕ МИ ОДГОВАРА“?
Ако твоите одговори на овие прашања се ДА, тогаш:
-ретко или никогаш не чувствуваш задоволство од животот;
- тешко ти е да се опуштиш;
- одржувањето на односите со другите луѓе тешко ти паѓа и имаш недостаток на енергија и често чувствуваш замор;
Кога на другите им кажуваш ДА,себе си кажуваш НЕ.
Кога кажувањето НЕ станува проблем? Кога ќе ја загубиш рамнотежата и пречесто на другите им кажуваш ДА, а себе пречесто си кажуваш НЕ.
Верувате деканемате право да кажете НЕ,а доколку кажете НЕ ќе бидете отфрлени и другите нема да ве сакаат.
Ако одбиете нечиј предлог, како да ја одбивате самата личност и __________________(самите допишете)
Секогаш да кажуваш ДА, не е знак на љубов и прифаќање.Тоа е знак дека одите по линија на помал отпор.
Кога себе си се сакате, умеете да го искажете своето мисслење, желбите, потребите....Ваша должност е да ги заштитите своите граници и за себе и за своите потреби да се заземете и да се грижите.Кога себе си, ќе си дозволите да кажете НЕ, ,,не сакам,не ми одговара“ .....тоа ќе го изговорите многу полесно.Без чувство на вина и чувство дека правите нешто лошо.
За ова да го постигнете, потребно е да научите да ги менувате вашите УБЕДУВАЊА!
Кога ќе ги промените вашите убедувања, ќе се смени вашето однесување.
Научите како да ги промените вашите убедувања! Не е доволно само да ги трансформирате.Стекнете нови ваштини! Научите како за себе да се залагате!
Еднодневна работилница на тема: ,, Научи да кажеш НЕ“.
Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапевт со долгодишно професионално психолошко и психотерапевтско искуство.
Датум и време: 22.04.2015, од 19-21 час.
Место на одржување:Работнички Универзитет ,,Кочо Рацин“-Скопје
Цена:1000 ден.
Пријавување и информации на тел:070/585-033 и 078/335-957.
Пријавувањето е во тек. Бројот е ограничен.