Ослободете се од вaшите потиснати чувства

ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД ВАШИТЕ ПОТИСНАТИ ЧУВСТВА
-Растеретете се од вашиот емотивен багаж
-Надминете ја емотивната болка
-Постигнете емотивна рамнотежа

 
Центарот за едукација, советување и личен развој Imago-Self, организираа дводневна eдукативна работилница на тема: ,,ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД ВАШИТЕ ПОТИСНАТИ ЧУВСТВА“. Работилницата ќе се одржи на 23 и 24.03. 2016 год. со почеток од 18:30 до 20:30 час. Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапевт. Пријавувањето е во тек.

Ве обзема емотивна болка. Чувствувате тага, агонија, лутина, анксиозност...Пред вашите болни емоции замижувате. Ги игнорирате, осудувате и против нив се борите. Можеби и не сте свесни дека тоа го правите. Признавањето на болните емоции за вас значи признавање на вашата слабост. А вам, ни во сон не ви паѓа на памет другите да ја видат вашата слабост. И така, сè подлабоко и подлабоко несаканите чувства ги туркате, сè додека не почнете да верувате дека тие исчезнале. Во заблуда сте. Бегате од емотивната болка, во надеж дека ќе го избегнете страдањето. Но, станавте само  понесреќни. И ништо друго...

Вашите неизразени емоции не умираат. Само ги закопавте, онака живи. Верувајте, подоцна со нив повторно ќе се сретнете. Но, тоа сега ќе биде на еден многу груб начин. Кога тие сеќавања потсвесно ќе се активираат, целата ваша рационалност исчезнува. Станувате пречуствителни, крути, ирационални и несигурни. Не ви се бендисува ваквата слика за вас.

Вашиот емотивен багаж премногу е тежок. Го носите со себе и под неговата тежина толку многу под него сте свиткани , така што заморот кој го чувствувате, главоболката која ве следи, несоницата што ја имате, станаа дел од вашето секојдневие. Потиснатите емоции ве ограничуваат, ги попречуваат вашите односи и врски, ви ја крадат радоста, виталноста, внатрешниот мир, самодовербата, самопочитувањето и љубовта кон себе. Ве оставаат повредени, сакаат да ви ја превземаат контролата врз вашиот живот и ве ограничуваат во сите аспекти.
Каква е емотивната состојба на оние кои со денови се чувствуваат тажно, празно, нервозно? Потребен ви е „клуч“ кој ја отвара вратата на вашата потсвест, за да можете ги согледате сите ваши потиснати емоции. Ние го имаме „клучот“.

Во основа немате проблем со вашите тешки и непријатни чувства. Сте се навикнале непријатните чувства да ги третирате како проблем. А, потребно е секое чувство кое ќе се појави, да го прифатите.
Научите како може да си дозволите да почувствувате тага, лутина, страв, немоќ и бројни други „несакани“ чувства.

Пречувствителни сте и мислите како врз вашите чувства немате никаква контрола. Потребна ви е емотивна рамнотежа. Научите како да се растеретите од вашата хиперсензитивност, која и ментално и соматски премногу ви штети. 

Секогаш кога ќе се вратите на вашето минато, се враќате на негативните искуства, случувања и негативните чувства. Кога за вашето минато така размислувате, однапред креирате идни црни сценарија. Дознајте како на црните и негативни мисли кои ви будат исти такви емоции, едноставно да им кажете СТОП!

Сега е време да престанете да се трудите постојано да се чувствувате среќни. Некои негативни емоции можат врз вашиот живот да имааат и позитивна улога. Дознајте како вината може да ве направи подобри, како сомневањето во своите способности може да ве поттикне на промени. Како анксиоазноста може да помогне во решавање на проблемите и како незадоволството поттикнува дејствување.

Колку пати досега сте се запрашале зошто постојано влегувате во исти непријатни ситуации? Зошто правите работи кои се против вашата волја? Заради вашиот емотивен образец. 
 

За едукацијата

На едукативната работилница се формира ГРУПА составена од мал број учесници. На работилницата, можете да бидете во улога на слушател, или ако сакате може да заземете и активно учество. Во прашање е личен избор. Едукативната работилница не е групна психотерапија. Не се изнесуваат лични, интимни проблеми. На едукативната работилница теоретски, но пред сè практично се стекнувате со нови сознанија во однос на конкретната тема што е поставена.

Цена за дводневната работилница: 1.600 ден.

Место на одржување: ул.Смилевска бр.12б-Скопје-Ѓорче Петров

Време на одржување:  23 и 24. 03. 2016 год. од 18:30 до 20:30 час.

Контакт телефони: 070/ 585-033 и 078/335-957
 

Наши едукации