План за неизбежен животен успех

Ако сте подготвени да креирате живот каков што сакате и заслужувате, дојдете на едукативна работилница:„План за неизбежен животен успех“. Научите како да креирате и постигнете успех и како да поставите здрави животни цели! Остварените соништа ја  градат вашата самодоверба и ве прават подготвени за нови предизвици. Може да напредувате само ако точно знаете што сакате.
 
На оваа дводневна едукативна работилница на Центар за едукација, советување и личен развој Imago-Self, заедно со м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапевт, ќе ви ги покажеме најважните чекори и алатки за постигнување животен успех.
 
На самата едукативна работилница ќе ги постигнете овие резултати:
 
1. Ќе согледате дека е возможно многу повеќе од она што моментално го сметате за реално.
2. Ќе усвоите ефикасни методи за дефинирање и постигнување цели.
3. Ќе ги формулирате вашите цели на начин кој овозможува нивно брзо остварување.

4. Ќе откриете што ве спречува и како тоа да го елиминирате.
5. Ќе ја зголемите вашата мотивација и чувство на лична моќ. 

 
Во животот имате само два вистински избори. Едниот, ја уништува вашата надеж, соништата, вашите визии, цели.. Другиот, ви помага да ги остварите своите соништа и цели, ви дава надеж и ви го подобрува квалитетот на животот. Изборот е ДА или НЕ.
 
Мислите дека врз вашиот живот немате контрола. Немате време да ги одредите и да ги следите вашите цели. Воопшто не се грижите за утре. На своите цели, насоки, амбиции, соништа, надевања сте им кажале НЕ! Сте избрале НЕ, бидејќи не знаете како да донесете свесна одлука за ДА! Кажете им СТОП на сите ваши НЕ одговори. Среќата и успехот почнуваат во вашиот ум. Сакате да научите како да постигнете успех? Дојдете на нашата едукативна работилница: „План за неизбежен животен успех“.
 
Научите ги чекорите кои ве водат кон успех. Одредите што е тоа што го сакате. Тоа е и првиот чекор. Одредете ја целта и со сета своја сила одите кон неа. Никогаш не е ни прерано ни предоцна. Денес е денот во кој можете да кажете ДА и да го превземете својот живот во своите раце! Независно во кој животен период да се наоѓате време е да одредите што сакате во животот да постигнете. Што уште денес може да почнете да правите, а што позитивно ќе влијае врз вашиот личен живот? Ако сакате тоа да го научите, се наоѓате на вистинско место. Ние во тоа ќе ви помогнеме. Низ бројни конкретни вежби, техники, методи ќе научите КАКО ДА ПОСТИГНЕТЕ УСПЕХ И ПОСТАВИТЕ ЗДРАВИ ЦЕЛИ. Остварените соништа ја  градат вашата самодоверба и ве прават подготвени за нови предизвици. Може да напредувате само ако точно знаете што сакате. Пронајдете ги вашите вистински цели и тргнете кон нивно остварување. Тоа направете го уште денес. Што може денес да направите а што позитивно ќе влијае на вашиот лицен и професионален живот?
 
Поставете си го прашањето: „ШТО ЗА МЕНЕ ЗНАЧИ УСПЕХ“? Како и да одговорите, тоа е вашата лична дефиниција за успех и таа како таква ќе биде вашата дефиниција за успех и вашето лично мерило за успех во животот. Независно дали под успех подразбирате материјално богаство, висока позиција во професијата, слава, влијателни односи со други луѓе, живот во баланс, другите да ве сакаат или нешто десето. Сè што за себе посакувате, што и да е тоа, има една заедничка цел- да се чувствувате добро.
 
Поставете си го следново прашање: „ДАЛИ ОВДЕ И СЕГА СЕ ЧУВСТВУВАМ ДОБРО“? Ако вашиот одговор е не, поставете си го следново прашање: „ШТО МЕ СПРЕЧУВА ДА СЕ ЧУВСТВУВАМ ДОБРО, СЕГА И ОВДЕ“?
 
Еве низ кои теми заедно ќе минеме:
 
1. Како оптимално да го искористите креативниот потенцијал на својот ум.
 
2. Како со леснотија да ги остварите своите цели, независно од моменталните околности.
3. Како да ги совладате чекорите кои гарантирано ве водат кон успех во сите важни области.
4. Како да ги надминете евентуалните блокади кои се застанале на вашиот пат кон успехот.
5. Како на најлесен начин го креирате своето ново јас.
 

За едукацијата

Цена за дводневната работилница: 1500 ден.
 
Место  на одржување: ул.Смилевска бр.12б – Скопје- Ѓорче Петров
 
Време на одржување: 11 (среда) и 12.05.2016 год.(четврток) од 18:30 -20:30 час.
 
Контакт телефони: 070/585-033 и 078/335-957
 
Пријавување до: 11.05.2016 год. (среда) до 14:00 час.
 

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ! 

Наши едукации