Време е од хаосот на негативни мисли и убедувања да се ослободите, независно што свесно не сте избрале да ги имате. Ако сакате да живеете опуштено, слободно, на начини кои вие ги сакате, дојдете на нашата едукативна работилница и научете како од нив да се ослобоите.
Оптоварени сте со негативни мисли? Тие се упорни, никако да престанат и се јавуваат независно од вашата волја. Во вашиот ум знаат да се вовлечат, иако свесно не сте ги повикале. Ви го расипуваат расположението, ви ја нарушуваат концентрацијата, мотивацијата и ви создаваат чувството дека врз себе немате контрола. Влијаат врз тоа како се чувствувате и однесувате. Кога ќе влезете во затворениот круг на негативни мисли, секој проблем ви изгледа уште поголем. Негативните мисли се нормални и секој ги има. Тие стануваат проблем кога низ умот минуваат неконтролирано, незапирливо и токсично. Ако имате негативни мисли ќе имате и негативни емоции. Вашиот ум целосно работи во согласност со тоа како сте го програмирале.
Зошто умот создава негативни мисли? Заради негативните чувства кои ги имате, а не сте ги прифатиле(страв, бес,тага, вина, срам, потиштеност, внатрешна вознемиреност...)..Негативните мисли доведуваат до негативни расположенија. Негативното мислење ја блокира нашата среќа, ја попречува продуктивноста и креативност. Кога умот е негативен, се јавува фрустрација и разочарување. Колку пати ви се случило лошите работи да се претворат во уште полоши, само затоа што сте окупирани со размислување како лошите нешта само вам ви се случуваат? Влезени сте во замката на негативниот внатрешен говор. Како овие нејасни идеи стануваат толку моќни? Како да го намалите вашето катастрофалното размислување? Многу од вашите негатини мисли се однесуваат на тоа што сакате или на тоа колку сме умни, безбедни или произлегуваат од вашите сеќавања, од минатото. Некои се однесуваат на некоја работа која треба одговорно да ја направите.
Чувствувате емотивна болка, страдате, не сте задоволни и среќни, не напредувате...Се прашувате што ви се случува? Ви се случува терор кој доаѓа од вашите негативни убедувања. Тие или самите сте си ги креирале или од други сте ги превземале. Како да ги препознаете? Тие делуваат во сите ситуации кога си кажувате како не смеете да си дозволите грешки, како врз се треба да имате контрола и дека другите не смеете да ги разочарате. Или, кога за себе си кажувате како никогаш нема да успеете да имате партнер, пријател или добра работа,зошто за такво нешто не сте вредни, не го заслужувате. Но тоа не е сѐ. Имате ригидни убедувања и за другите луѓе, за опкружувањето во кое живеете. Колку пати самите на себе сте си кажале нешто како на пример дека сите ве искористуваат и како светот и луѓето по природа се лоши. Или дека работата е нужно зло, учењето е напорно и здодевно, а парите човекот го расипуваат? Или убедувања кои сте ги превземале од за вас значајни луѓе, како на пример следново: „Мојот татко/мајка секогаш говореше... ?Некои од нив лесно ќе ги препознаете. И тие не се проблем. Но, многу од вашите убедувања се толку длабоко во вас всадени, што не сте свесни за нивното постоење и делување. Оттаму, не сте биле во можност да забележите како тие врз вас влијаеле. Негативните убедувања и сега влијаат врз вашето расположение, однесување, запазување, врз вашата мотивираност и целите кои ги поставувате...Влијаат врз вашата самодоверба, сликата која за себе ја имате, самопочита.Тие претставуваат пречки во вашиот личен развој и го одредувааат квалитетот на вашиот живот. Со нив не одите напред. Стагнирате. Се вртите во затворен круг. И ако некогаш тие имале некаков позитивен ефект, веќе го немаат. Сега станале вашата кочница. Ви раѓаат болка и разочарувања, како за себе, така и за другите и за светот во кој живеете. Сакате од нив да се ослободите.
Дојдете на оваа наша работилница, која ќе се одржи на 31.05.2017, (среда) од 18:30 до 20:30 часот во Јавна Соба (Public Room), за да можете преку конкретни техни и вежби да научите како ефиксно да се справите со вашите негативни мисли и негативните убедувања.
Датум на одржување: 31.05.2017 (среда), 18:30 – 20:30 часот
Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје
Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт
Котизација: 1000 денари
Контакт: 070/585-033, 078/335-957.
Напомена: Пријавувањето можете да го направите заклучно со 31ви Мај до 14:00 часот
.
Пријавувањето е задолжително