Справете се со потиснатите емоции - запознајте го вашето внатрешно дете


Се чувствувате заробени во своето минато? Старите емотивни повреди не ви даваат да живеете со полни гради, овде и сега? Потребен ви е некаков „волшебен рецепт“ за да се справите со вашиот страв, лутина, тага, очајност, осаменост, отфрленост, напуштеност и многу други потиснати емоции? Внатрешното дете е оној дел од вас во кој е блокирана вашата емотивна енергија.

Дојдете на  едукативна работилница: „Справете се со потиснатите емоции - запознајте го вашето внатрешно дете“ која ќе се одржи на 11ти Мај, од 18:30 до 20:30 часот во Public Room (Јавна Соба) во Скопје, за да низ бројни вежби научите како со вашето внатрешно дете да воспоставите вистински дијалог. Ќе научите како да ги излекувате старите рани од минатото и како да  работите со деловите во вас кои го преставуваат вашето внатрешно дете - оние кои се заглавени во вашето минато. Кога сте биле мали сте научиле дека не е безбедно да „чувствуваш“, зошто така можеби ќе бидете  повредени. Сега сте возрасни? Што е поразлично од тогаш? Продолжувате да се однесувате исто така како кога сте биле мали. 

Низ овие ваши сегашни однесувања го изразувате вашиот страв од љубов, неспособност да кажете „не“, самокритичност, срам, проблеми во врските и слаби граници во односите со другите, незрелост...Сето ова станува образец кој се меша во вашата професија, личниот живот, самодовербата. Чувствата кои во себе ги носите од детството се јавуваат во ситуации кои барем по нешто ќе ве потсетат на минатото. А нив, тие „подсетници“ ги има толку, толку многу. И тогаш тие стари чувства оживуваат и ве враќаат во времето на старите повреди. И така ве држат заробени во вашето минато. Немојте да се грижите заради тоа што со години сте ги потиснувале и игнорирале. Внатрешното дете ќе ви помогне да расчистите со вашите болни и потиснати емоции. 

Да се сакате себе значи да се негува детето кое некогаш сте биле. Сето она што го сметате за страшно, во својата длабочина е само беспомошно дете на кое му е потребна вашата помош. Запознајте го, со него воспоставете дијалог, прегрнете го, утешете го, прегрнете. Расчистете со вашето минато, какво тоа и да било. Внатрешното дете токму тоа ви го овозможува. 
 
 

За работилницата

Датум на одржување: 11.05.2017 (четврток), 18:30 – 20:30 часот

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 800 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Пријавувањето можете да го направите заклучно со 11ти Мај до 14:00 часот
.

Пријавувањето е задолжително
 

 

Наши едукации