Се чувствувате анксиозно? Имате чувство како да сте на ивица, напнати сте, испаничени, премногу сте нервозни, загрижени дека вам или на некој ваш близок ќе му се случи нешто лошо, а вие тоа нема да можете да го спречите? Преголемата загриженост станала ваше секојдневие? Заради анксиозноста чувствувате телесни симптоми како: мускулна напнатост, потење, тресење, бледило, чувство на гушење и задишаност, забрзано дишење, чувство на трема, мачнина, дијареа, болки во главата, грбот, несоница, неправилна работа на срцето, кнедла во грлото и потешкотии со голтање, сува уста, слабост и трпки во рацете и нозете. Срцето силно ви бие, се потите, ви се тресат рацете или целото тело, чувствувате трнење по екстремитетите, устата ви е сува, имате тешкотии при дишењето, мачнина во желудникот, чувство на топлина, напнатост во мускулите, чувство на кнедла во грлото, потешкотии со голтањето, тежина на градите... Мислите дека и нема крај на вашата загриженост, напнатост, постојано исчекување дека ќе ви се случи нешто лошо, а вие сте толку беспомошни тоа да го спречите...Повеќе не умеете самите да се препознаете. Секојдневно, од час во час окупирани сте со вашата внатрешна вознемиреност, напнатост, растрепереност, тескобност. И анксиозноста станала ваше секојдневие.
Имате панични напади? Не гледате никаква видлива причина за тие да се појават? Штом се појавиле, почнуваат забрзано да се зацврстуваат, а вие веќе сето тоа не можете да го поднесете? Што доживувате? Тоа е страв од страв. Сте имале стресен настан, трауматско искуство, хронична исцрпеност, интезивен бес и.т.н. Телесни симптоми кои се јавуваат, не само што се непријатни, туку и дополнително ве плашат, па заклчучувате како ќе умрете, ќе добиете инфаркт, ќе паднете во несвест, ќе се угушите, спобудалите. Мислите како морате да побегнете, за да сето тоа го спречите. Сте влегле во еден затворен круг. Пред нападот на паника се чувствувате мали, ситни, безпомошни. Ве преплашува мислата дека над ситуацијата што ви се случува, вие немате контрола. Станувате дополнително преплашени.Ви се случува чувство на застрашувачки интезивен страв и настапувачка катастрофа проследено со бројни телесни симптоми како тахикардија, неправилен пулс, стегање во градите, гушење, препотување, тресење, чувство на нестабилност и вртоглавица, мачнина, омалаксаност...? Имате панични напади! Чувството на непосредна животна загрозеност се манифестира како страв од ненадејна и моментална смрт (инфаркт, шлог, гушење..), како и страв од лудило и губиток на контрола. Станувате немирни, раздразливи и користите заштитни средства (лежите, јадете слатки работи...) Мислите како од сето ова мора да побегнете ви стануваат доминантни мисли. Сте навлегле во еден затворен круг. Пред нападот на паника се чувствувате мали, ситни, беспомошни. Ве преплашува мислата дека над ситуацијата што ви се случува, вие не само што немате контрола, туку дека доаѓа така ненадејно а вие сте беспомошни пред таквото сознание. Станувате дополнително преплашени.
Доста вие е од сето ова? Заслужувате да живеет живот ослободен од анксиозност и панични напади. Заслужувсте да го имате сето она што денес заради стравот не можете да го имате како: љубов, моќ, слобода, радост, моменти на сегашност, самопчитување, позитвно самовреднување...
Ние ќе ви помогнеме тоа да го постигнете. Дојдете на нашата едукативна работилница за да низ веќе испробани техники, вежби, методи научите како сето тоа да го постигнете. Работилницата ќе ја води м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт.
Датум на одржување: 27.01.2018 (сабота), 17:00 – 19:00 часот
Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје
Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт
Котизација: 1000 денари
Контакт: 070/585-033, 078/335-957.
Напомена: Сите заинтересирани за учество на оваа работилница, задолжително да се пријават на наведените контакт телефони, најдоцна до 27 ти Јануари (сабота) до 14:00 часот