Тренинг за самодоверба

Сонот наречен висока и здрава самодоверба може да стане Ваша реалност. Не чекајте таа сама по себе да се случи. На неа треба да работите! Тренингот за самодоверба подразбира и работење на планот на:
-Зголемување на вашата самодоверба
-Смирување на внатрешниот критичар
-Излегување од комфорната зона
-Справување со негативни мисли 
-Поставување на граници во однос на другите и одредување на своите лични граници
-Умешност да се каже „не“
-Надминување на несигурноста
Сите овие подтеми ќе бидат одделно разработени. Тие се во тесна врска со самодовербата и повеќекратно ја одредуваат. Оттаму тренингот за самодоверба, нема да ја има својата основна функција, ако на секоја од темиве не им посветиме достојно внимание.
 
КАКО ДО ПОГОЛЕМА САМОДОВЕРБА?
Сe чувствувате несигурно и имате чувство на помала вредност? Сакате да имате поисполнет живот од овој кој сега го живеете? Но, стравовите ве кочат и се откажувате од превземање било каков чекор кој ќе ве „извади“ од состојбата на несигурност. Се срамите и се плашите од тоа да бидете отфрлени и критикувани. Имате чувство на помала вредност и вина кога за тоа нема видливa причина? Колку пати самите за себе си кажавте дека сте бескорисни, безвредни, непривлечни, губитници? Колку себеси не се сакате, колкава лоша слика за себе имате? Емотивно сте ранливи, повлечени и се откажувате при првата пречка. Мислите дека не заслужувате ништо добро и дозволувате другите да ве обесхрабат. Не ги познавате своите приоритети и не знаете што сакате да работите. Што е причина за сето ова што ви се случува? Вашата ниска самодоверба! Сега е вистинско време да и кажете и доста е и збогум! Дозволете си самите во себе и во животот повеќе да уживате. Изградите живот токму онаков каков што сакате и бидете успешни и на приватен и на професионален план!
 
СМИРУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ КРИТИЧАР
Внатрешниот критичар или самосаботер, тоа е оној „глас“ кој во себего слушате и кој постојано ви одѕвонува и ве навредува, критикува, понижува, обесхрабрува, блокира, прогнозира неуспех. Нажалост многу му верувате и заради него и вашата самодоверба е разнишана или веќе станала ниска. Внатрешниот критичар ви создава негативна слика самите за себе, слика која во вас буди преголем срам. Ако за себе имате негативна слика, можеби се наоѓате во некоја деструктивна врска од која никако не излегувате или имате недостаток на самодоверба и самопочитување. Научете како да го замолчете и како да не дозволите тој да управува со вашиот живот и тоа во сите негови сфери.


ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КОМФОРНАТА ЗОНА
Живеете еден безбеден живот и ви се чини дека ништо неможе да ве повреди. Вашата комфорна зона е вашето секојдневие, во кое сè правите по некој автоматизам. Престанете да чекате во животот да одите напред, а вие и понатака да се движите во својата зона на сигурност. Сè ви станало една здодевна, монотона навика. Престанете да играте улога на „жртва“. Животот ви започнува надвор од вашата комфорна зона. Излезете од неа и станете личност со висока самодоверба!


СПРАВУВАЊЕ СО НЕГАТИВНИТЕ МИСЛИ
Зошто вашиот ум ви создава негативни мисли? Заради негативни чувства кои ги имате, а не сте ги прифатиле. Заради стравот, анксиозноста, бесот, очајноста, чувството на вина... со кои се борите. Негативни мисли ги нарушуваат вашата концентрација, мотивација, расположение и ви создаваат чувство како врз себе да немате контрола. Им обрнувате премногу внимание, ги анализирате, со нив се борите..... Кажете им: СТОП! Кажете им дека повеќе не сте немоќни, дека со нив можете да се справите. Научете како вашиот ум да го репрограмирате. Научете ги техниките со кои ќе можете да му се спротивставите на вашиот негативен самоговор. Справувањето со негативнте мисли ќе ви овозможи да станете порасположени, посреќни, покреативни....


ПОСТАВИ ГИ СВОИТЕ ЛИЧНИ ГРАНИЦИ
Научи како да не дозволуваш другите да ги повредуваат твоите лични граници, непокането да влегуваат и излегуваат од тој твој интимен простор, онака како ним им одговара, не грижејќи се за емотивните повреди кои притоа ти ги нанесуваат. А ти тоа им го дозволуваш, зошто немаш јасна слика за себе и зошто имаш ниска самодоверба, па другите „ти се потребни“ за да го потврдат твоето постоење. Но, стоиш на погрешната страна кога веруваш дека другите ќе ти ја зголемат самодовербата, ако ти, твоите лични граници ги направиш сосема порозни за да тие со тек на време сосема не се истопат. Во тој момент си ја изгубил својата индивидуалност. Научи да ги одредиш и да ги почитуваш како твоите, така и личните граници на другите. За да тоа го направиш покрај свесност ќе ти биде потребна и вистински висока самодоверба. 


НАУЧИ КАКО ДА КАЖЕШ: "НЕ"
Ти се случува да се сложиш за нешто, без многу размислување? Често? Од страв некого да не повредиш? Или од желба некому да удоволиш? Ти се случува да кажеш ДА ,иако мислиш НЕ? Често? Чувствуваш вина или непријатност кога треба да кажеш ,,НЕ, НЕ САКАМ, НЕ МИ ОДГОВАРА“? Кога кажувањето НЕ станува проблем? Кога ќе ја загубиш рамнотежата и пречесто на другите им кажуваш ДА, а себе пречесто си кажуваш НЕ. Кога себеси се сакате, умеете да го искажете своето мислење, желбите, потребите....Ваша должност е да ги заштитите своите граници и за себе и за своите потреби да се заземете и да се грижите. Кога себеси, ќе си дозволите да кажете НЕ, ,,не сакам,не ми одговара“ .....,тоа ќе го изговорите многу полесно. Без чувство на вина и чувство дека правите нешто лошо. За ова да го постигнете, потребно е да научите да ги менувате вашите УБЕДУВАЊА! Кога ќе ги промените вашите убедувања, ќе се смени вашето однесување.


НАДМИНУВАЊЕ НА НЕСИГУРНОСТА
Кога во себе сте несигурни, постојано се преиспитувате дали сте донеле исправна одлука и дали нештата добро сте ги сработале. Се сомневате, стравувате и имате чувство на безнадежност. Веќе ви станало навика врз себе да ја превземате целата вина на овој свет, се сметате за неспособен да ги остварите животните цели и редовно го потценувате својот потенцијал и можности. Престанете да бидете парализирани од својата неодлучност и несигурност! Надминете потсвесните стравови, сомневања, срам - емоции врз кои се темели вашата несигурност.

За тренингот


Датум на одржување: 9ти и 10ти Ноември, од 18:30 до 20:30 часот.

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт.

Локација: Public Room (Јавна Соба), ул.50та Дивизија 22, Скопје

Цена за овој дводневен тренинг: 1.600 денари.

Промотивна цена: за уплати до 7ми Ноември – 1400 денари

Контакт: 070/585-033; 078/335-957.

Напомена: Пријавувањето е задолжитeлно.
 

 

Наши едукации