Зајакнете ја самодовербата


-Не умеете на другите да им кажете „не“. 
-Немате дефинирани лични граници
-Ве оптоваруваат негативни емоции и не сте расчистиле со своите потиснати и болни емоции.
-Делувате под влијание на негативните убедувања, кои не ги препознавате и со нив  не знаете како да се справите.
-Себе си се сметате за неспособни, престрашени, особено кога треба да донесете некоја одлука.
-Имате чувство на помала вредност и вина кога за тоа нема видливa причина. 
-Се срамите и се плашите од тоа да бидете отфрлени и критикувани. 
-Постојано се самокритикувате. 
-Си лепите навредливи етикети.
-Слушате како  внатрешниот критички глас ве навредува, понижува, обесхрабрува, блокира и прогнозира неуспех.
-Колку пати самите за себе си кажавте дека сте бескорисни, безвредни, неуспешни, неспособни, непривлечни, губитници? 
-Низ животот се движите сосема уверени дека другите ве сметаат за неспособни и неуспешни.
-Сте ја загубиле својата лична моќ и независно каква одлука да донесете или по кој пат да тргнете,мислите дека ќе згрешите.
-Вашиот внатрешент критичар или самосаботер ви прогнозира неуспех и ви буди катастрофални очекувања, црни мисли, чувство на вина, напнатост, незадоволство, страв.
-Ви одредува како треба да изгледате, што да работите, со кого да сте, што да говорите, колку лично вредите. 
-Ве критика во однос на вашата работа, партнерот, семејството, физичкиот изглед, личните постигнувања, цели кои сте си ги поставиле...

Списокот на неговите  критики е премногу долг. Сето ова прави да се чувствувате несигурни.А несигурноста ве спречува да ги исполните своите желби и станувате уверени дека не заслужувате да бидете среќни. Колку себеси не се сакате, колкава лоша слика за себе имате? Стравовите ве кочат и се откажувате од превземање било каков чекор кој ќе ве „извади“ од состојбата на ниска самодоверба.

Сега е вистинско време на вашата ниска самодоверба да и кажете  збогум! Престанете да бидете парализиран од својата неодлучност и несигурност. Надминете ги потсвесните стравови и сомневања. Отворете нова животна страница. Соочете се со предизвикот наречен висока и здрава самодоверба. Дојдете на нашата едукативна работилница: ,,Зајакнете ја самодовербата“,која ја организирa Центарот за едукација, советување и личен развој Imago-Self, заедно со м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт. 

Ви нудиме испробани функционални и конкретни методи, техники и вежби кои ќе ви помогнат да  стекнете самодоверба. Дојдете на нашата едукативна работилница и совладајте ги вештините за зголемување и одржување на висока самодоверба- на професионален и приватен план!
 

За работилницата

Датум на одржување: 04.11.2017 (сабота), 11:00 – 13:00 часот 

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Сите заинтересирани за учество на оваа работилница, задолжително да се пријават на наведените контакт телефони, најдоцна до 3ти Ноември  (петок) до 20:00 часот
 

 

Наши едукации