Заслужувате живот ослободен од анксиозност и панични напади

Анксиозни сте? Срцето силно ви бие, се потите, ви се тресат рацете или целото тело, чувствувате трнење по екстремитетите, устата ви е сува, имате  тешкотии при дишењето, мачнина во желудникот, чувство на топлина, напнатост во мускулите, чувство на кнедла во грлото, потешкотии со голтањето, тежина на градите... Мислите дека и нема крај на вашата загриженост, напнатост, постојано исчекување дека ќе ви се случи нешто лошо, а вие сте толку беспомошни тоа да го спречите...Повеќе не умеете самите да се препознаете. Секојдневно, од час во час окупирани сте со вашата внатрешна вознемиреност, напнатост, растрепереност, тескобност. И анксиозноста станала ваше секојдневие.

Центарот за едукација, советување и личен развој Imago-Self, заедно со м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт,оргаанизира дводневна работилница на која ќе имате можност преку совладување на конкретни техники и вежби да научите самите како да си помогнете во справувањето со анксиозноста и паничните напади.

Ви се случува чувство на застрашувачки интезивен страв и настапувачка катастрофа проследено со бројни телесни симптоми како тахикардија, неправилен пулс, стегање во градите, гушење, препотување, тресење, чувство на нестабилност и вртоглавица, мачнина, омалаксаност...? Имате панични напади! Чувството на непосредна животна загрозеност се манифестира како страв од ненадејна и моментална смрт (инфаркт, шлог, гушење..), како и страв од лудило и губиток на контрола. Станувате немирни, раздразливи и користите заштитни средства (лежите, јадете слатки работи...) Мислите како од сето ова мора да побегнете ви стануваат доминантни мисли. Сте навлегле во еден затворен круг. Пред нападот на паника се чувствувате мали, ситни, беспомошни. Ве преплашува мислата дека над ситуацијата што ви се случува, вие не само што немате контрола, туку дека доаѓа така ненадејно а вие сте беспомошни пред таквото сознание. Станувате дополнително преплашени. Доста вие е од сето ова? Заслужувате да живеет живот ослободен од анксиозност и панични напади. Заслужувсте да го имате сето она што денес заради стравот не можете да го имате како: љубов, моќ, слобода, радост, моменти на сегашност, самопчитување, позитвно самовреднување...

Ние ќе ви помогнеме тоа да го постигнете. Дојдете на нашата едукативна работилница за да низ веќе испробани техники, вежби, методи научите како сето тоа да го постигнете. Работилницата ќе ја води м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт. 
 

За работилницата

Датум на одржување: 04 - 05 Април, 2017 година, 18:30 - 20:30 часот

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1600 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Пријавувањето можете да го направите заклучно со 04ти Април до 14:00 часот
.

Пријавувањето е задолжително
 

 

Наши едукации