Срамежливи сте? Доколку одговорот е потврден, тоа значи ве измачува стравот од контакти со други луѓе, па од нив се отуѓувате или ако сте во друштво не се чувствувате добро.
Постои само еден конструктивен начин за третирање на стравот, а тоа е соочување. За разлика од потиснувањето и негирањето, соочувањето со стравот подразбира негово прифаќање, откажување од одбегнување и освестувањето на она од кое се плашите.