Партнерската психотерапија.
Наменета е за парови кои со самостојни напори не наоѓаат адекватен и конструктивен излез од конфликтите, или постои застој во врската, па психотерапевската помош е индикувана во смисол на стручно водење дијалог, со цел промена на дифункционалната состојба во која парот е ,,заглавен“.Се истражува како до тоа дошло и како партнерите дале допринос за таа моментална состојба. Им се помага да разберат што се случува во врската , за секој од нив да открие што може да направи, за заедно да ги решат конфликтите и да ја унапредат врската.Се подучуваат на психолошки алатки кои им помагаат подобро да комуницираат, се разбираат, да си ги прифатат различностите, да ги решат проблемите, па кога ќе влезат во конфликт тоа да го направат на конструктивен начин. Крајната цел е да се воспостави зрел однос на љубов меѓу партнерите со која и двајцата добиваат на квалитет на животот.Најчести проблеми заради кои паровите доаѓаат на психотерапија се: зачестени конфликти, проблеми во комуникација, емотивни потешкотии, недостаток на близина, неверство, развод, недостаток на доверба и почитување, стрес, партнерски кризи, сексуални дисфункции и сл.