Што е тоа личен раст и развој?

Личниот раст и развој се целоживотни креативни процеси на реализација и зголемување на нашите психички, социјални и духовни потенцијали, но во склад со животната возраст и специфичните искуства и потреби на личноста.Тренингот на личниот раст и развој се однесува на испитување на вашите битни животни сфери:емотивна, партнерска, семејна, професионална, социјална, образовна сфера.Се испитуваат сферите во кои сте помалку успешни, задоволни , за да осознаете на кој начин самите допринесувате кон создавањето потешкоти  и што, како и колку можете да направите за тоа да се смени.

Работите на планови „чекор по чекор“, а сѐ со цел лично  да  ,,зајакнете“ ,  за подобро да  се поврзете со своите цели. Ги согледувате границите на своите можности и учите како да ги прифатите, но барате и креативни солуции. Барате начини  како себе подобро да се разберете, но и  исто и другите луѓе.Учите како да ги совладувате животните фрустрации и препреки. Работите на градењето самодоверба за совладување негативна трема и страв од излегување пред авторитети.

Покрај сето ова  треба да научите да обезбедите време за пријателства,интимност, забава,креативно изразување,кое не е во врска со работата.

Пронаоѓањето животен партнер-„кој, како, зошто, кога,“ бројни дилеми нели? Па тука се децата, односите со нив, нивните потешкотии...И сето ова во пакет со хроничен недостаток на време и енергија кои ве водат во фрустрации, незадоволства, растргнатост, нервоза. Во надминување на сето ова од извонредно голема корист ви е вашиот животен коуч.

Што е животен коучинг?

Животниот коучинг е насочен кон пронаоѓањенајдобри решениа во областа на личниот живот, за задоволување на сите ваши животни потреби и подобрување на квалитетот на животот.Ве мотивира да ги остварите вашите животни цели со правење најдобри избори.
Каде се применува животен коучинг?

Се применува кај:

-кризни и конфликни ситуации во семејството и врските;
-лоша комуникација;
-блокади-ментални, емотивни, професионални;
-страв од одговорност;
-тешко дефинирање на целите;
-стрес;
-ограничувчки убедувања;
-недостаток на мотивација, апатија;
-проблеми во партнерските врски;
-двоумици.
Кои се бенефитите од животниот коучинг?

Бенефитите се:

-проширување на личните потенцијали;
-врвни финансиски, партнерски, спортски, уметнички резултати;
-надминување на конфликт;
-постигнување баланс и внатрешен мир;
-личен раст и развој;
-отстранување на ментални и емотивни блокади;
-дефинирање на цели,смисол и лична визија;
-развој на креативност;
-нови стилови на однесување;
-чувство на задоволство, среќа, мотивираност.