Нашите основни вредности

Мисија

Сите ние сакаме љубов, исполнетост и креативна само-реализација. Поседуваме големи, иако сеуште неосвестени потенцијали, способни сме за вистинска среќа, достоинствен живот и складни односи со нашето семејство. На жалост, голем е бројот на оние кои чувствуваат како се неспособни да ги остварат своите вистински стремежи, па наместо да работат на тоа, се ,, вртат“ кон  потрошувачкиот менталитет, игри на моќ, барање краткотрајни олеснувања и бегство од реалноста.Така не успеваат да имаат допир со вистинските чувства и нивната посебност.

Нашата работа

Нашата работа е насочена на емотивното здравје и созревање, на остварувањето на сите потенцијали, како и на решавање на потиснатите чувства и ограничувачки убедувања, кои се клучниот извор на сите наши самонаметнати ограничувања, саботирање на сопствениот успех.

Цел

Цел ни е да ве насочиме, како проблемите да ги решавате одвнатре, во самата причина, односно во длабоките емотивни поимања како себе си, така и другите, а врз која основа сте ја изградиле својата личност.

Центар за едукација

Центарот за едукација, советување и личен развој Imago-Self, врши и посебни психолошки едукации во вид на консалтинг услуги за компании, менаџмент и други службени компании.