Емотивна отрпнатост


Доколку сте биле жртва на некоја траума, или  се наоѓате во пострауматска состојба, ако суровоста  била дел од вашиот живот и ако сето ова продолжувало да трае и станало хронично, најверојатно некако се обидувате да се спасите од тоа. Како? Така што станувате отрпнати. И, таа отрпнатост станува постојана, трајна состојба.

За да ги преживеете трајните психолошки трауми кои неможете да ги контролирате, активирате посебни одбранбени механизми - психолошки ѕидови кои ве изолираат од вашите болни емоции и ве одделуваат од луѓето кои ве повредуваат и од болката што тие ја предизвикале кај вас. 

Емотивните трауми можат повторно живо да бидат преживеани, кога се сеќавате на тоа што се случило. Емотивното отрпнување ве заштитува од сопствените измачувачки мисли, флеш - бекови или ноќни мори. Ова, може да звучи како нешто добро, но не е така, затоа што означува отстапка која може да биде многу проблематична.

Психолошките ѕидови што ги подигнувате за да се одделите од емотивната болка, може да станат трајни, па да ве одделат и од добрите луѓе и од оние што ве сакаат, да ве одделат од чувството на љубов, радост, надеж, задоволство и сл. Најпосле, тие психолошки ѕидови понекогаш знаат и да се срушат и тогаш станувате хаотични и преплавени со силни негативни, разрушувачки емоции. Дури и да не сте биле жртва на некоја траума и да не се наоѓате во некоја пострауматска состојба, може како и мнозинствто луѓе да живеете во состојба на полу - перманентен емотивен шок, затоа што вашите болни искуства постојано ви се повторуваат, а вие сте изгубиле контакт со вашите чувства.

Во животот, може да ви се случи и да заборавите на некоја траума која некогаш сте ја доживеале, да не се сеќавате како сте се чувствувале. Или, не познавате некого кој би слушал со трпение и сочувство доволно долго, за сето тоа што сте го доживеале, да си го разјасните.

Сето ова за  последица има низ животот да чекорите под емотивна анестезија. А тоа значи и повеќето ваши чувства длабоко во вас да ги закопате и да бидете постојано разочарани од овој туѓ и непристапен свет околу вас.
 

Поврзани блог статии