Како ги потиснувате своите емоции?


Кога ќе доживеете искуство кое ви е непријатно, болно или тешко и не сте способни со тоа да се носите или едноставно се плашите, често ја запоставувате таа емоција и станувате преангажирани, повеќе вежбате, јадете, пиете, или едноставно се ,,преправате“ дека ништо не се случило. Кога тоа го правите, емоцијата не ја чувствувате и ја потиснувате. Но, таквите емоции остануваат во вашите мускули, лигаменти, стомак, дијафрагма. Тие емоции, остануваат закопани во вас, се додека не ги почувствувате и на тој начин да ги ослободите.

Емоциите кои се долготрајно закопани, се оние емоции кои предизвикуваат физичка болест. Луѓето, за да го одбегнат чувствувањето на своите емоции, користат методи од типот: игнорирање на своите емоции, преправање дека ништо не се случило, прејадување, јадење храна богата со шеќери и масти, препивање, дрогирање, користење лекови за смирување, компулсивно вежбање, било кој тип на компулсивно однесување, премногу секс, преангажираност на работа, постојано интелектуализирање и анализирање, премногу време во читање или гледање ТВ, разговарање на површинска основа, сокривање на емоцијата на лутина под маска на љубов и мир.

Да се држат емоциите закопани, од вас бара многу енергија. Еве некои од главните симптоми на закопаните емоции: замор, депресија без видлива причина, разговарање за проблемите, но не и за личните работи и чувства, преправање дека нешто не важно, а во основа е важно. Други симптоми се и: ретко разговарање за своите чувства, постојаното чувство ,,како  на чвор“ во желудникот, или стегнатост во грлото. Симптом е и кога не сте лути кога нешто ќе се случи, туку неколку денови подоцна. 

И, кога во врската расправијата ја насочувате на децата или финансиите, а не за себе. И, кога тешко говорите за себе и имате тешки приватни односи со семејството, пријателите, познаниците. И ,кога ви недостасува мотивација и амбиции. И кога го имате оној летаргичен став од типот „на кого му е грижа“. И кога надворешно се смеете, а одвнатре плачете. И кога со тешкотии се прифаќате и себе си  и другите.

Потиснатите емоции може да предизвикаат големи проблеми на вашето тело. Влијаат на сите ваши односи, особено на вашата способност за ,,растење“ и менување. Вашето сегашно однесување и реагирање, всушност е реакција на минатите и сегашните настани. Неможете во потполност да бидете присутни, со оние кои во сегашноста ги сакате, се додека не се ослободите од своите емоции од минатото.

Емоциите сте ги закопале, затоа што биле премногу болни и претешки за  со нив да се соочите тогаш кога тие се појавиле, а вашите реакции на сегашните настани се под влијание на таа болка и страдање кои остануваат закопани во вашето тело. Често луѓето стравуваат да се соочат со своите потиснати емоции, па дури и не знаат како  да ги надминат. 

Поврзани блог статии