Каков е вашиот родителски воспитен стил?


Кога говориме за тип на воспитен родителски стил, не мислиме дека исклучиво само него го применувате. Тој само преовладува. Ги има следниве:

1. Авторитативен стил. Вашите очекувања од детето се преголеми. Користите и награди и казни. Кога нешто од него барате, наредувате и не сакате да објасните зошто нештото го барате. Детските грешки, строго ги казнувате, не објаснувајќи ги казните и очекувате детето, само да изведе заклучоци. Кон детето се однесувате без блискост, без топлина и нежност. Ретко му давате слобода самото да одлучува. На овој начин, создавате поволна основа, детето да израсне во личност со ниска самодоверба, кое не се потпира на себе, туку на другите. Другите ги следи и не може да прави избори за себе. За своите грешки, другите ги обвинува. Тешко превзема одговорност за тоа што го работи, или одлучува. Ги сокриваат своите грешки, заради стравот од казна, заради што стануваат или премногу тивки и послушни или се однесуваат непријателски. Често ги малтретираат послабите од себе, имитирајќи го вашиот авторитативен стил. 

2. Попустлив и грижен стил. На детето му давате преголема слобода, можеби затоа што самите не сте ја имале. Не спроведувате контрола врз детето, давајќи му притоа премногу одговорност. На своето дете не му давате сигурна рамка, во која ќе се чувствува сигурно и заштитено. Вашето дете има висока самодоверба, но во училиште може да биде помалку успешно, затоа што не знае да управува со своите обврски. Дури може да стане и неодговорно и да очекува сите да го прифатат и сакаат независно како се однесува.
 
3. Попустлив и незаинтересиран стил. Не сочувствувате со вашето дете и попустливи сте. Ова е стил, во кој се сместуваат родители кои го запоставуваат своето дете. Детето, иако материјално може да има сѐ што му е потребно, расте препуштено самото на себе. Неговата самодоверба е ниска, будејќи чувствува како да не е важно, вредно, неинтересно како за неговите родители, така и за другите. Кон другите се однесува ладно и нема добри социјални вештини. Често, има проблематично однесување. За да се чувствува вредно и важно, склоно е другите да ги контролира и со нив да манипулира.

4. Грижлив и побарувачки стил. Го подржувате своето дете и јасно му покажувате, што од него очекувате, кои се вашите критериуми и барања. Му објаснувате, зошто некои правила се важни и како да се самоконтролира. Верувате дека детето има права, но и дека вие како родители имате важна улога кога се донесуваат битни одлуки. Вашето дете има добри услови да развие висока самодоверба, самопочитување.

Поврзани блог статии