Помогнете му на вашето дете да ја развие сигурноста и самодовербата


Вие како родители, имате посебна должност кај вашето дете да развивате чувство на сигурност и доверба во неговите сопствени способности. Доколку кај вашето дете, успеете да постигнете тоа да се чувствува сигурно во себе, тогаш сте постигнале тоа да биде поуспешно во училиште, да создаде подобри односи со другите и станува повеќе подготвено да се ,,испроба“ на различни полиња.

Воопштено, може да се каже дека таквото дете е поспособно да се носи со различните животни искуства. Но, што кога кај вашето дете нема да се изгради доверба во сопствените способности и е несигурно во себе? Тогаш, веројатноста во адолесценцијата да стане деликвент станува висока, како што е исто така висока веројатноста да посегне по дрога, да има пониски резултати во учењето, да развие депресија, да има проблеми со исхраната (анорексија и булимија) и да покажува склоност кон самоубиство.

Како на вашето дете да му ја развиете сигурноста и чувството на доверба во неговите способности? Одговорите се сосема едноставни: најпрво, треба да му покажете дека го сакате. Тоа значи, често да му кажувате: „те сакам“ и да покажете радост кога ќе го видите. Гушнете го, смејте се со него, пејте. Покажете му дека го сакате, независно што и да се случило. Минувајте со него време, во активности кои ги сака. Покажете му дека го разбирате и почитувате. 

Потоа, потребно е  да му ја осигурате сигурноста. Тоа значи, кај него да развиете чувство на припадност, да му поставите јасни граници и правила кои соодвествуваат на неговата возраст. Бидете доследни и одржувајте ги ветувањата. Дозволете му на детето,  да ги почувствува последиците на своето однесување. 

Трето што треба да направите е да му овозможите добро да се чувствува. Тоа значи, да верувате во него, да слушате што ви говори, да му ги признаете успесите. Да му помогнете на животните тешкотии да гледа како на предизвици. Поттикнувајте го да прави нешта кои го радуваат и поттикнувајте го доброто однесување. 

Во основа постојат шест важни животни пораки: верувам дека тоа го можеш, имам доверба во тебе, знам дека ќе се снајдеш во животните ситуации, те слушам, се грижам за тебе и многу си ми битно.