Зошто е тешко да се каже ,,НЕ“ ?


Дали ви се случува за нешто да се сложите, без многу размислување? Имате страв некого да повредите? Или, сакате на некого да му удоволите?  Ви се случува да кажете „да“ иако мислите „не“? Чувствувате непријатност или вина кога треба да кажете „не“ „не сакам“„не ми одговара“? Ако на повеќето од овие прашања вашиот одговор е потврден, веројатно сте личност која никогаш не чувствува задоволство од животот, тешко ви е да се опуштите, одржувањето односи со другите луѓе тешко ви паѓа, имате недостаток на енергија и често чувствувате замор.

Кога некому ќе кажете „да“, а тоа не го мислите, тогаш самите на себе си кажувате „не“. Точно е дека се потребни компромиси за да можете да функционирате со други. Тоа не е проблем. Проблем постои, кога ќе ја загубите рамнотежата и пречесто на другите им говорите „да“, а со самото тоа пречесто сами себе си кажувате „не“.

Зошто е толку тешко да се каже „не“? Затоа што мислите дека немате право да кажете „не“ и дека тогаш ќе бидете отфрлени и другите нема да ве сакаат. И дека доколку одбиете некаков предлог, тоа би значело дека ја одбивате таа личност. Секогаш да кажувате „да“ , не е израз на љубов и прифаќање, туку тоа е знак дека одите по линија на помал отпор. Изразот на вашата љубов кон себе, е да кажете што мислите, сакате, чувствувате. Кога се сакате себе си, треба за себе да се заземете и да кажете отворено дали мислите „не“ како „не“ или „да“ како „да“. Кога себе ќе си дозволите да кажете „не“, „не сакам“... , тогаш,  тие зборови ќе ги изговорите многу полесно, без чувство на вина и грижа на совест, без чувство дека правите нешто лошо.

Како од личност која се плаши да каже „не“ ,станете личност која слободно се искажува и се залага за своите потреби? На тој начин што ќе ги смените своите убедувања. На овој начин, ќе го смените своето однесување. Но, тоа не е така едноставно.

Промената на убедувањата преставува процес, за кој е потребно одредено време. Како задача која сами на себе би си ја поставиле, е секој ден вежбате да кажете по едно мало „не“ и да забележите како после тоа се чувствувате. Можеби, тоа во почеток ќе ви оди тешко, ќе чувствувате непријатност или ќе имате чувство на вина. Тоа е нормално во процесот на промената. Потсетете се дека тоа ќе мине и дека сега нешто добро за себе правите, дека вежбате за да усвоите една нова вештина.

Моментот на неспособност да се каже „не“ и кога тоа така се мисли, не е одделен проблем. Тој говори за сликата што за себе ја имате, за вашиот однос што кон себе го имате, за вашето самопочитување и за љубовта која кон себе ја имате. 

Поврзани блог статии