-
19.04.2015
-
Самодовербата и сликата за себе
Вашето внатрешно огледало е сочинато од вашите верувања за себе, од вашата актуелна слика, но и од различните животни искуства. Дали знаете дека тоа огледало е флексибилно, променливо и колку тоа делува на вашиот живот, така што понекогаш се чувствувате потиштено, самоуништувачки расположено, а друг пат радосно, благотворно?
Постојат неколку видови внатрешно огледало. Едниот, го чинат лица кои не се во состојба да слушнат нешто убаво за себе. На пофалбите, комплиментите остануваат неми, или погрешно ги интерпретираат. Не веруваат во сопствените квалитети и ги помнат само критиките и неуспесите, со што одново ја потврдуваат нивната негативна и само обезвреднувачка слика за себе. Секогаш некои други од нив се подобри, попаметни, поубави, поважни, повредни... На овој начин, си ја хранат лошата слика за себе и таа така преживува.
Другиот вид внатрешно огледало, го има личноста која има иста ваква лоша слика за себе, но со нејзе живее целиот живот. Таа слика, воопшто не и одговара, пречи, но тоа е сѐ што има. Затекната во сопственото искривено огледало, бира односи во кои таа слика, по којзнае кој пат се повторува и потврдува. Понекогаш, таа слика може да стане толку силна, што човек испод неа почнува да се чувствува како да го нема, како да не постои (што како чувство е едно од најразорните искуства кое воопшто може да се доживее).
Некој трет вид на огледало би го имала личност која се наоѓа на спротивната страна, а сепак сѐ се сведува на исто. Таа ги забележува само пофалбите и комплиментите, а од критиките со сета сила се брани. Нејзината илузија за совршено „јас“ не смее ништо да ја разбранува. Една од најчестите одбрани кои овој тип на личност го користи, е да ги отфрли и обезвредни сите оние кои неговата супериорност со восхит и фасцинираност не ја хранат. Всушност, зад ваквата маска се сокрива чувство на безвредност, изгубеност, безнадежност, осаменост која треба да се сокрие како пред себе, така и пред другите. Кога ваквата слика за себе, нема да успее да ја потврди кај другите, на таквата личност и се случува исто чувство како на претходно наведениот тип- чувство на непостоење.
Луѓето кои успеваат да работат на себе, постојано го менуваат сопственото внатрешно огледало, така да се самоанализираат од различни агли.
Поврзани блог статии