Тешко ви е? Имате чувство на вина? Лути сте, незадоволни, тажни, фрустрирани.....? За сето ова другите ги обвинувате? Во заблуда сте. Никакво чувство што за вас преставува потешкотија, неможе никој да ви го наметне, ако вие самите тоа не си го направите. Едноставно, така сте научени. За да си помогнете самите на себе, направете договори сами со себе. Еве, четири од нив:
1. Говорете го само тоа што навистина го мислите. Говорете, почитувајќи го својот интегритет. Одбегнувајте да користите зборови кои се против вас, или другите да ги озборувате. Користете ја силата на зборот во насока на љубов и вистина.
2. Ништо не сфаќајте како лично. Што и да прават другите, не е против вас. Тоа што другите го говорат, го прават е проекција на нивната реалност, на нивниот личен сон. Кога ќе станете имуни на постапките и мислењето на другите, нема да бидете нивна жртва која страда, пати.
3. Не правете претпоставки. Имајте храброст да поставите прашање и да го кажете тоа што навистина го сакате. За да ги одбегнете недоразбирањата со другите, болката и драмата, комуницирајте што е можно појасно. Само со помош на овој договор, ќе можете во голема мера да си го смените сопствениот живот.
4. Секогаш правите сѐ што можете. Сè што може да направите, ќе се менува од момент во момент. Многу повеќе може да направите кога сте здрави, отколку кога сте болни. И вие тоа го знаете. Во било која ситуација направете сѐ што може да направите. И тогаш, нема да имате потреба самите себе да се обвинувате, да се каете, да бидете самодеструктивни.
И ако ви се случи да прекршите некој од овие договори, не осудувајте е. Почнете од почеток. Сакајте се и прифатете се себе си. Сакањето и прифаќањето себе си, е од витално значење за конструктивно градење на вашата самодоверба.
Поврзани блог статии