Одговорност! Дали овој збор најпрво ви асоцира на одговорност кон другите, кон својата работа или обврските кои сте ги превземале? Но, што е со одговорност на самите кон себе? Дали сте во состојба во целост да ја преземете одговорноста за своите чувства, мисли, за сите работи кои што во животот ви се случиле? Или , мислите дека одговорноста со тоа нема никава врска?
Луѓето кои не ја прифаќаат одговорноста кон себе, сметаат дека не е нивна грешка што се такви, зошто никогаш и не барале да се родат. За нив, животот е неправеден, тој нема никава смисла. Зошто од друг би барале помош, кога никој не може да им помогне, затоа што се безвредни и целосни губитници. За животот, сметаат дека е премногу тежок и кога барем би имале повеќе среќа, подобра работа, подобро семејство....Само размислуваат, кога еднаш нивните проблеми ќе престанат. Се прашуваат, како некој може за нив да каже дека самите тие се одговорни и за она што во иднината ќе им се случува (нели тука е во прашање политика, среќа, љубомора, завист, лоши луѓе...). Нив, нивните родители такви ги создале, не можат да се сменат и независно колку и да работат, не можат да се поместат од место.
Ако наместо ваква неодговорност, кон себе почнете да се однесувате одговорно, ќе го избришете самосожалувањето, малодушноста, рамнодушноста, пасивното трпење, незадоволство заради неправда во животот и слично. Ќе можете да го решите било кој проблем кој би го имале. Работите ќе ги гледате такви какви се, ќе стекнете поголема самодоверба и интегритет. Едноставно, знаете дека само вие и никој друг не е одговорен за вашите намери, толкувања и избори кои ги правите, а преку кои одлучувате кои настани во животот ќе ги привлечете, како ќе ги разберете и како на нив ќе реагирате. Само на тој начин можете да постигнете внатрешен склад и интегритет.
Луѓето кои ја прифатиле одговорноста самите кон себе, знаат дека самите се одговорни за изборите што ги правеле и ги прават и за нив никој друг не можат да обвинат, ниту пак другите да ги сметаат за одговорни за сѐ што им се случило. Самите се одговорни за тоа што го мислат, за нивното емотивно реагирање за секој настан кој им се случува, па и кога тој е негативен. Одговорни се за својата животната насока кон која и се движат, зошто неа самите ја избрале. Знаат дека сега како возрасни, самите може да одлучат како нивната самодоверба ќе им се развива. Спрема другите не се чувствуваат преодговорни. Имаат одговорен однос за своето физичко и ментално здравје. Расчистиле или расчистуваат со своите емоции на лутина, болка, песимизам, непријателство, тага, ... а кои се врзани за повреди и болки во врска со личности и случувања од нивното минато.
Ако не ја прифаќате одговорноста кон себе, во опасност сте да станете од другитте претерано зависни, за од нив да го добиете нивното признавање, одобрување, прифаќање. Ќе станете хронично непријателски и луто настроени и депримирани, заради тоа како со вас се постапувало. Тука е и опасноста во однос на вашиот страв да превземете било каков ризик, или да донесете одлука. Ќе се чувствувате неуспешни во било какви потфати и да преземате, како и неуспешни во своите односи. Ќе ви се развие чувство на вина за во животот другите, а не себе си да ги спасувате.
Поврзани блог статии