Независно колку се трудите и колку ,,добро ви оди“, во животот ќе наидете на длабоки лични фрустрации. Можеби на работа не сте доволно почитувани, родителите постојано ви се жалат, со адолесцентот не умеете да разговарате....
Почнувате да барате вентил за да ги испразните своите фрустрации, па вашиот интимен партнер ви изгледа дека е „најмногу погоден за тоа“. Не станува збор за тоа дека свесно сте тргнале кон него. Фактот дека не сте сакале да го нападнете партнерот и нефер да го обвините, не ја намалува болката од неправдата која сте му ја нанеле. Може да нападнете затоа што сте иритирани а да не ја наведете причината за тоа а ако сте креативни може да измислите некаква рационализација, за да можете од себе да го симнете товарот на вашата фрустрација. Сосема погрешен пристап.
Потребно е да работите на тоа да ги решите причините за вашите фрустрации. И вие и вашиот партнер, имате доволно проблеми и без тоа да ,,позајмувате“ проблеми од други сфери на вашиот живот и да ги накалемите на вашата врска.
Најбитно во сето ова е да признаете дека погрешно го насочувате својот гнев. Ако вашите фрустрации ги насочите на соодветни цели, ќе се осигурате од тоа дeка како нешто работите а тоа е во празно и ќе престанете да се самозалажувате дека проблемот го решавате. Особено, треба да бидете внимателни со нејасните фрустрации кои потекнуваат од вас самите. На пример, кога сте лути на себе и немате храброст да бидете реални во однос на тоа што ве разочарува, може да бидете во страшно искушение, за што партнерот го критикувате, за нешта кои што вие сами ги имате.
Кога еднаш ќе почнете да согледувате дека негативните работи што кај партнерот ги забележувате- неспособност, депресивност и слично, постојат и кај вас, буквално ќе го смените карактерот на односот со партнерот. Не само што ќе станете поефикасни во решавање на проблемот, затоа што ќе почнете да ги разрешувате причинско - последичните асоцијации, туку нема да ја отуѓите личноста која ви значи подршка - вашиот партнер. Едноставно, подзапрете, направете чекор настрана, погледнете се во огледало и уверете се дали конкретното нешто заради кое сте лути на партнерот, е нешто што треба да го решите самите со себе. Да направите нешто помалку од ова, значи одрекување на вашата одговорност во врската.
Почнете длабоко и доволно долго во себе да се загледувате. Престанете од партнерот да правите непријател заради некои измислени причини. Престанете да одрекувате што е вистинскиот извор на вашата болка или фрустрација, така што ќе престанете да го негирате своето негативно гледиште.
Поврзани блог статии