Дали и вие сте еден од оние, кој кај својот партнер/ка намерно предизвикува љубомора? Што сакате со тоа да постигнете? Сакате да проверите колку односот ви е силен, да го добиете тоа што го сакате - како повеќе време, внимание или повеќе излегувања? Или на партнерот му се осветувате, затоа што излегол со друга личност или на овој начин си ја зголемувате својата самодоверба или партнерот го казнувате? Првите два мотиви се многу почести од другите. Како најчесто љубомората се предизвикува?
Кога ќе слушнете разговори на вашиот партнер за друга личност која им се допаѓа, често се говори како таа е многу попривлечна од што навистина е. Може да флертуваат, со други да излегуваат, да измислуваат ривали и да говорат за љубовни врски од своето минато. Што можете да направите? Што и да направите, најверојатно нема да ја избегнете интезивната болка, разочарувањето и останатите негативни емоции и тоа во првите неколку дена или недели. Еве некои сугестии за кои вреди да размислете:
1. Разберете ги причините за вашата љубомора. Со својот партнер, отворено разговарајте, кажете му како се чувствувате кога забележувате како таа/тој со друг/а флертува. Со напаѓање и навреди, единствено што ќе постигнете е меѓусебно оддалечување. Треба да размислувате рационално и во главата да не режирате филмови, затоа што немате факти со кои располагате. Дури и да ги имате дали тие се доволно доверливи докази за вашето сомневање?
2. Љубомората во одреден степен, веројатно е неизбежна. Вие сте тие што сте одговорни за своите чувства. Доколку сте го избрале чувството на љубомора, може исто така да одберете и некое друго чувство. Сите понекогаш „играат“ некоја игра, за да предизвикаат љубомора. Можеби вашиот партнер токму тоа сега го прави. Некои луѓе, толку се насочени само на себе, така што едноставно не се во состојба да бидат верни. Ниедна љубов нема доживотна гаранција.
3. Потребно е да поработите на вашата самодоверба. Ниската самодоверба ја „храни“ љубомората. Можеби наликува на фраза, но во основа постои голема вистина: почитувајте се самите себе и верувајте во своите способности, па и другите ќе ви веруваат и ќе ве почитуваат. Тоа што на вашиот партнер повеќе му се допаѓа некој друг, не значи дека вие сте помалку вредна или привлечна личност. Тоа што се одлучил за некој друг, а не за вас, не значи дека со вас нешто не е во ред. Силната љубомора, како што некои веруваат, не е доказ на голема и вистинска љубов.
4. Љубомората е само доказ на вашите потреби и вашите очајнички желби да го задржите тоа што моментално го сакате, како што е доказ на вашите можеби нереални очекувања од иднината. Значи, за љубомората може да се каже дека повеќе ги изразува сопствените интереси и љубовта кон себе, а не кон некој друг. Кон себе, немојте да бидете престроги. Многумина тврдат како љубомората е знак на посесивност и незрелост и дека со љубомората партнерот себично го спречувате да сака и други, освен вас. Во тоа има вистина и затоа многу луѓе се обидуваат љубомората да ја потиснат, но често во тоа не успеваат.
Да се сака не е лесно. Може да бидете повредени, несигурни и да сакате на некого во неговиот живот да бидете на прво место. Тоа нужно, не значи дека ви недостасува самодоверба или дека сте посесивни - тоа значи дека сте само луѓе кои жалите за нешто што го губите.
Поврзани блог статии