Совети за надминување на несигурноста во интимните врски


Кога влегувате во интимна врска, може да се чувствувате многу ранливо, особено ако во претходните врски сте се почувствувале повредено. Мислите од типот, дали нешто сте направиле со што партнерот сте го повредиле, или дека сето тоа е премногу добро за да биде вистинито, може да направи да се чувствувате несигурно.

А, кога ќе почнете да се грижите, тогаш ќе почнете да барате „знаци дека нешто што се случува е погрешно“. Се разбира, дури и да има такви знаци, нема да ги забележите. Постојано сте во некаков мониторинг, од типот кое е другото лице кое што партнерот го споменало, треба ли да се чувствувате загрозено, треба ли да станете повнимателни... Ако сметате дека не сте доволно добри за партнерот да биде со вас и се запрашувате што  во вас партнерот  видел, исто така само ја потенцирате својата несигурност.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во надминување на вашата несигурност: 

1. Направете разлика помеѓу вашата имагинација и реалноста. Со вашиот партнер не можете непрекинато да бидете со ист интезитет блиски и интимни. Постојат моменти, кога неговото расположение ќе биде намалено, што е сосема нормално и реално. Ако секоја промена на расположението ја третирате како губење на интимноста, затоа што вие тоа така сте си го замислиле, еве ви подлога за несигурност.

2. Одбегнете ја стапицата наречена сигурност. Не постои крајна сигурност во сѐ и сешто, па вклучително и во однос на вашата врска, иако знаете дека со партнерот се сакате. Инсистирањето на неа, само значи дека имате потреба од контрола врз сè, а на овој начин само себе ќе си се попречите да уживате во она што е сега и овде.

3. Дајте си еден на друг простор да ,,дишете“.
 
4. Престанете да се прашувате, што партнерот размислува кога молчи. Можеби, со незборувањето се релаксира, или се повлекува за нешто да расчисти самиот со себе, или..... Секој има право на простор за размислување и постојано не го прашувајте: „што мислиш?“, зошто така само ќе станете анксиозни.

5. Престанете да правите споредба на некоја негативна карактеристика на сегашниот партнер, со негативната карактеристика на некој од претходните, за  потоа да направите генерализација за целиот пол. Запомнете, овој сегашниот е сосема поразличен од претходниот.

6. Не треба да очекувате вашиот партнер постојано да ве смирува и да ве прави да се чувствувате  сигурно и безбедно. Наместо тоа, седнете, затворете ги очите и замислете си силно чувство на опуштеност и сигурност, околу вашиот партнер. Тоа ќе го обучи вашиот мозок да се чувствува дека она што сѐ случува е во ред.
 
7. Обидете се, наместо на она што е лошо во вашата врска, да се фокусирате на она што е добро.

Поврзани блог статии