Стравот не постои самиот по себе. Тоа што се јавува како страв е само вашата реакција која произлегува од вашата состојба на несигурност. А, несигурноста постои секогаш во однос на нешто друго.
Самата природа на стравот всушност не е ништо друго туку ментална креација која вие сте ја создале во форма на слика или збор, со која се обидувате да ја одржите како постојана, но и да ја заштитите саканата слика за себе. Тоа објаснува дека коренот на стравот е во вас, а не надвор од вас. Затоа, ако бегате од стравот, бегате самите од себе. Кои фактори се одговорни за појава на стравот? Еве некои од нив:
1. Заменување на реалноста со ваши проекции, со ваша илузија. Колку пати сте помислиле дека на некој начин сте загрозени и сте реагирале со вистински страв, а всушност реалноста сте ја замениле со сопствената проекција? Многу пати. Но, тоа што ја предизвикува вашата физичка реакција на страв, не е стравот туку некое ваше сеќавање од минатото во кое сте доживеале страв.
2. Бегање од последиците на стравот. Кога постои страв и вие се борите со физичките, емотивните и менталните реакции на неговото постоење, не сте во можност да го видите коренот на стравот, кој е мисла во форма на желба. За да се справите со ова, дозволите да се чувствувате така како што се чувствувате, без да се проценувате или самокритикувате.
3. Губење на дирекниот контакт самите со себе, но и со другите. Иако сте го изгубиле дирекниот контакт, желбата за контакт и понатаму останува многу силна, па станувате принудени на воспоставување индиректен контакт, што резултира со губиток на свеста за тоа коj сте вие навистина. На пример, станувате исплашени од тоа како другите ве гледаат и што би можеле да направат. Така, ви се раѓа желбата за заштита и дополнителна изолација, со што уште повеќе работите се компликуваат. Сега, од желба да се ослободите од стравот од влошување на ситуацијата, создавате дополнителен страв. Вака влегувате во влошебниот круг на невозможна мисија, која вашиот ум ја изведува во ваше име. Застанете и престанете да се борите со вашиот ум.
4. Споредување и натпреварување со дугите. Последица на ова е добивање чувство дека не сте доволно добри такви какви што сте, што кај вас само го буди чувството на инфериорност, љубомора, завист, бес и страв над сѐ. Притоа, она што на сето ова му претходи, е вашата проекција дека другите се виновни за тоа што така лошо се чувствувате. Така кон другите чувствувате омраза, аверзија.
Престанете нештата да ги гледате само како добри или лоши, престанете да се оптеретувате со минатото и да се грижите за иднината. Живејте го животот овде и сега.
Поврзани блог статии