Страв од напуштање


Темелот на стравот од напушањето, кој сега го чувствувате, поставен е уште во вашето детство. Него, можеби го изградил и некое стварно искуство на напуштање што сте го доживеале заради смрт на еден од родителите, нивниот развод и слично.

Но, вистинско напуштање и не морало да се случи за да се ја појави ваквиот страв. Доволно било да се селите од едно место на друго, родителот да бил на долги патувања и отсуства надвор од градот во кој сте живееле, во затвор, или бил хронично болен и често хоспитализиран. Можеби, една од најчестите причини за појава на овој страв, е непредвидливото однесување на еден од родителите. Тоа е она однесување, кога еден момент родителот е добро расположен, а потоа многу лут, а притоа и не сте знаеле кои се вистинските причини за сето тоа. Страв од напуштање, може да ви всадиле и честите кавги на вашите родители. Опфатени со ваквиот страв, доволно било да се појави и најмало чувство дека ќе останете сами, за да потонете во длабока тага и страв од одвоеност.

Како дете, сте стравувале, дека најважната личност во вашиот живот ќе ве напушти и затоа уште повеќе за неа сте се врзале. Таквото однесување е нормално, но само кај дете. Проблем се јавува кога таквото врзување, ќе го пренесете и во возрасниот период. Како сега ќе може да го препознаете? Низ следниве обрасци: 

1. Постојано барате уверување дека врската ви е стабилна и сигурна. Притоа, вие лично сте преокупирани со чувство на тескобност, со страв дека партнерот ќе ве напушти и дека тоа може да го направи и за најмала ситница.

2. Втор образец е држењето на дистанца. Заради вашиот страв дека ќе бидете напуштени, во врската се држите постудено од она како навистина се чувствувате, па така на партнерот му препуштате врз себе да  ја носи одговорноста за иднината на вашата врска. Додека тој е подготвен околу тоа да се труди, имате совршена потврда дека нема да бидете напуштени. Може да примените и друг тип на одбрана, а тоа е случај, кога вие ја напуштате врската пред партнерот да го направи тоа.

3. Следен образец е кога сте во постојана потрага по наредна личност со која би сте се врзале. Премногу го забрзувате влегувањето во романтична врска, притоа инсистирајќи секој момент да го минете со партнерот, а истовремено љубоморно да го обвинувате дека сака некој друг.

Под дејство на стравот од напуштање, вашата перцепција е насочена кон знаци, кои упатуваат на тоа дека ќе бидете напуштени, толкувајќи ги истите дека значат крај на врската. Резултат на таквата перцепција е преголемата вознемиреност кога сте разделени од саканата личност, како што се бизнис патувањата или одење на студии. Но, не се во прашање само стварните заминувања, туку и самата можност тоа да се случи, кај вас може да предизвика интезивна паника. 

 

Поврзани блог статии