Како да изградите самодоверба?


Треба да станете свесни за своите способности, постигнувања и вештини. За да го постигнете тоа, вашите мисли, реченици, нека започнуват вака: „нешто што јас добро правам е...“, „горд сум на тоа што...“, „нештото кое го постигнав е...“, „една од моите најдобри карактеристики е...“.Потоа вие продолжете ги, така како што мислите дека треба да напишете. Сето ова нека биде испишано на хартија која ќе ја ставите на видно место. Потребно е барем еднаш дневно да го прочитате тоа што сте го напишале, за да може да се потсетите на квалитетите и способностите кои ги поседувате.

Учењето е процес на повторување сè до автоматизам. Оваа вежба иако изгледа како едноставна, во пракса се покажало како малкумина од луѓето се свесни за своите позитивни карактеристики. Дури и кога се свесни, тешко  на глас ги изговараат, тешко им е да говорат за тоа што добро прават, што умеат, едноставно чувствуваат срам.
Причини за тоа има повеќе, затоа што оние на кои им недостасува самодоверба, добивале малку повратни информации за нив самите. Тие воглавно не се впуштаат во нови работи кои би можеле да им донесат успех, се плашат, или се срамат, а без успех нема градење самодоверба.

Значи, ако немате самодоверба, направете ги следниве чекори:
1. Јасно да сакате да станете личност со самодоверба.
2. Позитивно говорете за себе (примерот од погоре во текстот со пишување на позитивности за себе).
3. Мислете: „јас тоа го можам!“ Одлучете, дека од сега самите на себе ќе си бидете најдобар пријател. На негативните мисли забранете им го пристапот и не дозволувајте со вас да управуваат.
3. Мислете на своите квалитети.
4. Разговарајте самите со себе, онака како кога би разговарале со најдобар пријател.
5. Верувајте си себе си. Воедно, треба да престанете да размислувате што другите за вас мислат. Кажете си, како на тоа сега сте имуни. Прифатете се себе си какви што сте, а самодовербата веднаш ќе ви порасне.      
6. Научете себе си да се сакате, за  другите да  ве сакаат.
7. Престанете да глумите жртва. Научете да кажете „не!“. Одбегнувајте ги незадоволните луѓе, оние кои секогаш се лути. За евентуалните неуспеси, не се критикувајте,не се обвинувајте. Борете се за себе. Кажете што мислите. Од речникот исфрлете го зборот „проблем“ и на негово место ставете го зборот „успех“. Нека на вашето лице колку што може почесто зрачи вашата насмевка.
8. Зборувајте бавно. Исправете се. Зголемете  ги вашите способности, така што ќе правите мали нешта, едно по едно. Поставете мала цел и постигнете ја, цел која знаете дека можете да ја досегнете. Променете некоја мала навика. Фокусирајте се на решенија наместо на проблеми.

За да стекнете самодоверба, треба целосно да се фокусирате на вашите мисли и акции. Неопходно е да ја прифатите и мислата за неуспех. Единствената разлика меѓу оној кој има и оној кој нема самодоверба е во волјата да се обиде нешто да направи.
 

Поврзани блог статии