Како да ја трансформирате сопствената негативност?


Кога и да не можете да го смените тоа што свесно сакате да го смените, во себе ќе ја почувствувате силата на негативноста. Тука на дело е несвесната негативна намера, која се гледа во деловите на вашиот живот во кои не се чувствувате исполнети.

Иако свесно сакате убави нешта како љубов, среќа, работа која исполнува..., а тоа не ви се случува, во себе треба да ги побарате вашите сокриени намери и нив јасно со зборови да ги формулирате. Така, во себе може да го слушнете гласот кој ви кажува како не се исплати ништо од себе да дадете, затоа што другите тоа не го ценат или како сакате да бидете виновни и жртва, што е многу полесно од тоа да се биде одговорен. Или, како имате намера да останете несреќни и незадоволни, за да ги повредите, да ги казните оние тие што ве сакаат. Гласот може да ви сугерира дека е најдобро ништо да не чувствувате или да ви кажува дека сте лоши и како во животот не заслужувате љубов или добрина. 

Ваквите негативни намери се создадени во детството, како одбрана од болката, затоа што светот е доживеан како непријателски или се дел од масовното мислење, дека животот е борба и дека за да бидете среќни треба од другите да бидете посилни...Како да се справите со сопствената негативност? Превземете ги следниве чекори: 

1. Согледајте  и признајте си дека не сте совршени. 

2. Негативните црти во вас гледајте ги објективно, сочувствително, без осудување, во позиција на објективен набљудувач кој знае дека колку и да е големо злото во него, дека може етапно да го трансформира. Во спротивно, ќе се појави болка, страв или други негативни емоции.

3. Замолете некој кој добро ве знае и на кого ќе му се ,,отворите“ и ќе го замолите да ви го каже своето мислење за вас. Да се биде дури и само со еден човек она што си, без маска, само по себе делува исцелувачки.

4. Секоја вечер кратко запишете ги оние работи кои во вас предизвикале негативни чувства. По извесно време, ќе забележите како постои образец, односно шема која непрекинато се јавува а е во склад со несвесните верувања од детството. Колку една повреда во несвесното подлабоко е закопана, толку таа  врз вашето однесување има подлабоко влијание (мора за другите по секоја цена да се грижите - жртва, не смеам да ги покажам своите потреби - подоцна во животот се чувствувате неисполнето затоа што не ги покажувате своите потреби ниту за нив сте свесни, па другите и не знаат дека ги имате - така животот одново ви ги потврдува вашите криви несвесни заклучоци создадени во детството). Така доаѓате до оној дел од вашата личност кој е несвесен. Заради ваквите незрели црти кои во себе ги имате,секогаш во животот привлекувате ситуации и поединци,а за тоа и да не сте свесни. 

5. Кога сте ја разбрале шемата, таа треба и емотивно да се разреши, што е долготраен процес. За да се запознаете самите себе  на едно подлабоко ниво, мора себе да си дозволите сите ваши чувства станат свесни за да можете да ги разберете и така си го овозможите личното растење.

Нажалост, емоциите се најзапоставениот аспект на личноста и ретко складно се развива со другите два дела - физичкиот и менталниот. Оној т.н. негативен дел од вашата личност или ранетото дете во вас го сочинуваат незрели чувства, кои сега во возрасниот период прво треба себе си да си ги признаете ,а потоа конструктивно да ги проживеете за да може тие да растат и да се претвораат во својата спротивност - омразата во љубов, слабоста во сила итн.

Кога наместо ова, вие функционирате со маска, што е негирање на тие незрели чувства во вас, како возрасен нема да бидете свесен дека расплаканото, луто, безпомошно и полно со барања дете, во вас уште постои. Тогаш мислите дека ви е потребна друга личност која ќе ви даде дозвола да чувствувате и дејствувате. Станувате зависни од надворешни авторитети и ситуации и од нив очекувате да ги исполнат вашите потреби и желби. 

 

Поврзани блог статии