Кога сте анксиозни, панично преплашени, вашите мисли стануваат автоматски негативни и дисфункционални. Тие може да го условаат настанувањето на анксиозноста, но може да се појават и како резултат на нејзиното настанување. Еве листа на такви мисли: ,,Ќе имам напад на паника, ќе ја загубам контролата, ќе се онесвестам. Со мене нешто не во ред. Ќе умрам, не можам да ја издржам оваа анксиозност. Јас сум единствен со овој проблем. Луѓето гледаат дека сум паничар, знаат дека сум невротичен. Секоја анксиозност е лоша и јас секогаш паничам. Морам во целост да се ослободам од анксиозноста и паниките. Никогаш не смеам да изгледам глупаво или надвор од контрола. Ако другите знаат дека сум паничар, ќе ме одбијат. Никогаш не смеам да бидам слаб. Би морал да имам целосна контрола. Ако однапред не знам што ќе се случи, тоа ќе биде лошо. Морам да бидам загрижен за паничните напади, за да можам да ги спречам. Ако паничам, ако сум исплашен, значи дека сум слаб. Ако паничам, другите ќе ме отфрлат. Ќе умрам, ако ми се случи паничен напад. Во секоја ситуација морам да имам контрола. Ако имам паника, луѓето ќе ме исмејуваат. Ова несмееше никогаш да ми се случи. Во моето сфаќање на успешна и силна личност паниката не се вклопува. Нема да бидам во сосотојба да мислам и нема да можам ништо да кажам. Ќе кажам нешто глупаво. Ќе се здрвам. Лицето ми е жешко, црвенеам, рацете ми се тресат, ја губам контролата. Сите во мена гледаат. Досаден сум. Губитник сум. Другите мислат дека сум глупав, будала - тоа е страшно. Тие од мене се попаметни, позабавни, подобри. Никој не ме сака. Ако сум тивок, другите ќе мислат дека сум здодевен. Ќе морам да кажам нешто интелегентно, нешто мудро. Ако не сум совршен, ќе ме отфрлат. Фактот што другите не ме сакаат, говори за тоа дека со мене нешто не е во ред. Ако видат дека сум исплашен, ќе помислат дека сум неспособен. Морам да оставам добар впечаток. Морам од сите да добијам подршка. Не треба да покажам ни најмала слабост. Ако со некого не се сложам, ќе се налути или ќе мисли дека сум глупав. Одвратен сум, грд сум. Неспособен сум, неадекватен, слаб и таков никој не ме сака“.
Обидете се да ја преиспитате оправданоста и точноста на овие дисфункционални и автоматски мисли. Регистрирајте го степенот на вознемиреност на секоја мисла и емоција (на скала од 0 до 100%). Ако е 50% средно ве вознемирува, а ако е 75% - поприлично.
Ќе треба особено да поработите на корекција на мислите за кои сте одредиле повисок степен на верување. Исто така, треба да одредите, колку од овие мисли се реални, навистина точни. Мислите кои тоа не се, отфрлете ги. Треба да ги преиспитате доказите кои се за и против таквата мисла.
Доколку во сето ова сами не успевате, доколку мислите дека дисфункционалните мисли се посилни од вас и ве паничат, ве советуваме да побарте стручна психолошка помош.
Поврзани блог статии