Соочете се со својата срамежливост и плашливост

Срамежливи сте? Доколку одговорот е потврден, тоа значи ве измачува стравот од контакти со други луѓе, па од нив се отуѓувате или ако сте во друштво не се чувствувате добро. Не се истакнувате, не полемизирате, не ги браните своите ставови. Ретко ви успева пред претпоставениот конструктивно да полемизирате или да ја искажете својата конструктивна критика. Не запознавате нови луѓе, отуѓени сте, а плашливоста повремено ве враќа самите кон себе, што оди на сметка на вашиот однос со околината и ве спречува да станате свесни за своите можности.
 
Причина за сето ова е чувството на помала вредност или стравот од ризици. Суштествено несигурни во другите, свесно или не, од односите со другите го очекувате најлошото. Стравот од другите воопштено говорејќи зависи како од нивната способност да ве повредат, така и од вашата безпомошност. И во двата случаи ефектот е - ослабена и конфликна личност, која станала повеќекратно повредлива.

Во екстремни случаи плашливоста може да ве одведе во депресивност, да ви го разбуди чувството на страв и напуштеност, но и да ви создаде проблеми со сексот. Плашливоста ви се случува затоа што имате преголемата потреба за сигурност, за врзување со познати лица или како продукт на стравот од неизвесност. Манифестирајќи плашливост, не го земате сопствениот живот во свои раце, туку дозволувате другите, околината да ви ги одредуваат вашите начини на однесување. Стравувајќи дека ќе бидете негативно оценети самите себеси се замислувате како да се наоѓате на театарска сцена, а луѓето како да се публика која непрекинато критички ве набљудува.

Срамежливата и плашлива личност, несигурна во себе не умее да се бори за своите права на работното место, да бара зголемување на плата, или да го истакне она што успешно го сработила и останува да функционира во анонимност.

Доколку сте срамежливи обидете се кога разговарате со соговорникот да воспоставите контакт со очите, или заземете став на внимателен слушател, смешкајте се и од време на време климнете со главата и соговорникот гледајте го со интересирање.
 
Најчесто, срамежливоста и плашливоста не можат на едноставен начин да бидат надминати, односно потребно е стручно психолошко третирање па од таму ве советуваме да побарате психолошка помош.