Многумина мислат дека поседуваат самопочитување, а всушност немаат. Доколку се наоѓате во некаква врска, важно е да процените во која мерка имате самопочитување. Колку навистина сами себе се сакате?
Како надворешно се преставувате? Ова се две спротиставени прашања од причини што е чест случај надворешно да пројавувате една многу поубава слика од онаа која се наоѓа во вас самите. Токму одговорите на овие две прашања доколку не сте добиле одговор на прашањето колку се сакате, покажува колку навистина самите себеси се сакаме и почитуваме.
Како да знаете каква слика за себе негувате од внатре? Едноставно. Доволно е да ја разгледате вашата внатрешна комуникација самите со себеси. Тоа значи да ги разгледате емоциите, мислите и делата во склад со кои се однесувате кон себе и своето тело. Доколку трите фактори на вашето разгледување се негативни, очигледно е дека и вашата слика за вас самите е негативна. И обратно. Во спротивно, надворешно може да се прикажувате во сосема поинакво светло. Може да одавате слика на личност која е стабилна, полна со самодоверба и дека во животот прави се што треба да направи. Иако тоа нема никава врска со она што во вас се наоѓа, освен што надворешно оставате лажна слика, најлошо од сè е што самите себеси се залажувате.
Токму заради недостатокот на самопочитување многу односи изгубиле на својот квалитет. Ако на еден или кај двајцата партнери недостасува самопочитување, нивниот однос неможе да има квалитет на емотивна зрелост и заради тоа во таквиот однос не постои љубов која е карактеристична за возрасна личност. Зошто самопочитувањето е толку важно во односите? Затоа што ако партнерите немаат доволно развиено самопочитување, ќе бидат склони кон претерано самокритикување, нема да ги слушаат своите потреби, а со само тоа нема на своите емоции да им обрнуваат внимание. Ако еден или двајцата партнери вака кон себе се однесуваат, тие ќе имаат идентичен однос еден кон друг. Реалноста која се случува во односите каде на еден од партнерите им опаднало нивото на самопочитување, е личното влегување на другиот партнер во она што се случува. На ваков начин другиот партнер заедно со него страда и изигрува приватен терапевт. Посоодветно би било партнерот да се соочи со реалноста и да му се даде подршка, но не во негово самосожалување, туку во настојување да стане посреќен. Битно е кога партнерот ќе се најде во таква состојба, целосно да не се отфрли, но и да не се подржува сликата на она што му го намалило самопочитувањето.
Да се има самопочитување не значи отсутност на негативни емоции кои со време може да ви се појават. Битно е нив да ги препознаете и на конструктивен начин да ги изразите. Недоразбирањата, конфликтите и кавгите во односите настануваат заради неприфаќање на одговорноста за сопствените емоции, па од таму почнувате да барате причини во надворешните нешта- партнерот, ситуацијата и слично.
Самопочитувањето животот го прави полетен, разигран, весел. Ве прави духовит, добар комуникатор и ви дава здрав поглед кон животот. Неверојатно колку малку луѓе имаат самопочитување, а уште е поневеројатно колку другите овие луѓе ги плашат. Колку повеќе личноста отстапува од вообичаените, колективни обрасци на однесување во самиот однос, толку повеќе другиот партнер од него ќе се дистанцира.
Зошто доаѓа до ово парадокс? Зошто нешто што е толку природно, може да да биде толку одбивно? Одговорот лежи во фактот дека сте навикнале на незрели форми на однесување и на исто такво функционирање во нив. Драматичниот развој на ситуации во односот или нездравата комуникација и емоциии ви изгледаат многу поблиски од некоја природна форма на функционирање. Заради ваквиот силен образец, ви изгледа невозможно да се оствари поинаква форма на самиот однос. Едноставно, привлекувате личности со кои ќе стапите во однос како би ги решиле своите лични заостанувања и како би си потврдиле дека е невозможно да се оствари квалитетен однос.
Изворот на проблеми во односот кога станува збор за самопочитувањето лежи во тоа што ова чувство во себе сокрива златно правило -ако не се сакате себе, не може други да сакате. Ако ви недостасува самопочитување, секогаш ќе се сомневате во љубовта на другиот и ќе ви биде тешко да поверувате дека другата личност може трајно и навистина длабоко да ве сака.
Дали навистина знаете внатре во себе, каква слика за себе имате? Ако тоа не го знаете, ако не знаете и што е самопочитување и како тоа во вашиот живот се манифестира и ако самопочитувањето за кое мислите дека го поседувате не е ништо друго туку само компензација на она што во животот ви недостасува, на вашите потреби кои останале незадоволени, ви препорачуваме да побарате стручна психолошка помош.