За да можете да се справите со своите проблеми, потребно е да превземете одредени чекори. За почеток, кога имате некаков проблем, наместо како досега да го третирате како проблем, обидете се да го претворите во одреден збир на рационално подредени задачи.
Имате негативни мисли (кои се ментален еквивалент за детето во вас кое бара помош), кога сте исплашени или чувствувате тескобност, нив од себе немојте да ги туркате. Само малку одморете се и оддалечете се од непосредниот стрес. Длабоко дишете. Кога ќе почувствувате дека сте доволно мирни, направете план. Запишете ги чекорите кои треба да ги преземете за работите да ги свртите во позитива. Одредете приоритети, односно редослед на активности. Потоа, најдете некоја надворешно здрава перспектива.
Треба да го проверите својот план. Од помош може да ви биде личност во која имате доверба, некоја која има висока самодоверба. Објаснете и ги практичните чекори кои сакате да ги превземете и послушајте ги советите. Не барајте личноста да ви каже „направи го тоа... и тоа...“или само да ве теши покажувајќи разбирање за вашите стравувања. Личноста, треба да ви потврди дали планот ви е ред или треба да се направат некои измени.
Во надминувањето на проблемот не треба да се враќате на она старото, на она на кое сте навиканти, затоа што и така сте дошле до проблемите. Ова повеќепати повторувајте си го. Потребно е и својата свесност да ја проширите, морате својот ум да го ,,отворите“. За таа цел потребно е да расчистувате со застарените убедувања, ритуалното размислување, навиките, инерцијата, стравот и ниските очекувања, кои вашиот ум не само што не го отвараат, туку дури и го притискаат.
За да надминете накаков проблем, потребно е да преземете целосна одговорност. Наместо како досега да се трудите да бегате од одговорноста за создавње ситуации во кои се наоѓате и другите за нив да ги обвинувате, размислете за тоа што самите на себе си правите. Создадете си една нова реалност во која себе ќе се видите како зрела личност. Многу е ефективно да развиете и визија за вашиот живот. Ако имате визија која ја следите, таа ќе поттикне создавање нови визии и така животот наместо да ви преставува збир на мали задоволства, ќе ви биде многу поубав.
На крај, треба да знаете дека е многу важно вашите успеси да ги искористите, да ги потенцирате, за да се создадат нови патишта на успеси. Без тоа, успесите ќе изгледаат како ситници, а проблемите ќе останат еднакво битни. Славете ги своите постигнати успеси, дружете се со оние кои се добри примери, научите да бидете емотивно отпорни и така да станете самосвесни..