Чувствувате како со партнерот сè повеќе сте оддалечени. Деца, работа, обврските по дома и недостатокот на слободно време, си го прават своето. Иако и двајцата се сакате, чувствувате како да не се разбирате, како еден кон друг не се отварате и дека не минувате доволно време заедно. Ви изгледа како тука ништо не може да помогне и дека ситуацијата станува се полоша. Чувствувате како меѓу вас интимноста е изгубена. А тоа, најчесто води кон прекин на љубовниот однос.
Симптоми на изгубената интимност може да бидат кавгите и несогласувањата, или оддалеченост и студенило. Може да чувствувате како партнерот ви недостасува, иако тој/таа на трпезариската маса седи наспроти вас. Кога ова ви се случува, тоа најчесто го поврзувате со недоволно дружење и „длабоки“ разговори. Верувате како со повеќе комуникација и заедничко време повторно ќе ја изградите блискоста која некогаш сте ја чувствувале. Незадоволни со ситуацијата, се чувствувате повреденио и несигурно, па оттаму разговорите кои ги водите не ретко завршуваат со меѓусебно обвинување за тоа како стојат работите. На овој начин, ситуацијата се влошува.
Кога некој однос е навистина интимен? Дали страста и романтиката значат интимност? Кое е тоа чувство, кое разграничува однос со и без интимност? Интимноста е чувство на духот кое прави да се чувствувате блиски, исполнети, богати, поврзани, разбрани...едноставно живи. Кога сте интимни, другата личност ја чувствувате. Ја слушате со голема внимателност. Ја разбирате и под и зад површинското ниво на искажаниот збор, или однесување кое го покажува. Ја гледате и ја познавате на едно подлабоко ниво, ниво на кое се наоѓа безусловната љубов.
За да ја согледате природата на интимноста во односот, потребно е најпрво да научите како да станете поопуштени. Да станете сè повеќе поврзани самите со себе. Немојте да ја храните вашата потреба од љубов да добиете некаде однадвор. На тој начин и ќе ви се намалат вашите барања во однос на партнерот.