Родителски стрес


Денес, стресот е придружник во секојдневието на сите нас, било да е во прашање стресот на работа, стрес заради промена во животот..., но и стрес заради родителската улога или т.н. родителски стрес.
 
Родителството освен што преставува позитивно искуство е и период обележан со конфликти, несигурност, неодлучност и паѓање на задоволството во други области на животот. Стресот на родителската улога иако како и другите стресови спаѓа во состојби кои ги оценувате како претешки, како можен губиток, но и како предизвик, сепак од сите нив квалитетно се разликува.

Родителството е многу постресно за оние родители кои имаат помалку знаење, кои себеси се доживуваат како помалку компетентни за родителската улога, во животот имаат помала емотивна и практична подршка, но и кога детето има одредени здраствени потешкотиии или потешкотии во однесувањето. Така, родителскиот стрес може да се опише како вознемирувачко чувство спрема себеси и детето, а таквата вознемиреност и непријатност родителот дирекно ги препишува на барањата на родителството кои пред него се поставуваат. „Нормален родителски стрес“, може да се јави кај многумина, затоа што повеќето од родителите се соочуваат со секојдневни тешкотии врзани со родителство. Сепак, иако ова е секојдневна ситуација, важно е неа да не ја намалите, затоа што и таа може да биде важна за да побарате стручна помош, затоа што кога родителот добива помош, индирекно добива и самото дете.
 
Што создава родителски стрес? Кои се неговите извори? Следниве:

1. Стрес поврзан со карактеристики на детето: неговите барања, здравје, адаптираност, неговите неисполнети очекувања;

2. Стрес кој ја следи интеракцијата родител - дете: врзаноста за детето, неговото дисциплинирање, комуникацијата со детето, некомпетенцијата.

3. Стрес кој се однесува на карактеристиките на родителот и неговата социјална мрежа: односите со партнерот, недостаток на подршка, ограничена родителска улога, материјална ситуација.

Често,  родителите бараат стручна помош заради потешкотиите кои ги воочуваат кај своето дете, за да во текот на психолошкото советување и сами согледаат како и нив им е потребна помош заради нивната вознемиреност. Она што му помага на родителот кој е под стрес е грижата за себе, да научи да се грижи за своите потреби, за да може да ги открие сопствени начини за соочување со стресот (да ја активира својата креативност, да ги изрази чувствата, да примени опуштање и релаксација, да се присети на своите ефикасни начини за носење со стрес кои веќе ги има, а на кои заборавил...). Со стручна помош може подобро да се разбере како самиот себе така и детето во различните периоди на растење, (со што ќе се намалат неефективните начини на решавање на конфликтите). 

На родителот кој е под стрес му треба време, подршка, трпение и чувство дека другите го разбираат и сакаат да му помогнат. Оттаму ако сте во ситуација на изразит родителски стрес, побарајте стручна психолошка помош. На тој начин, а со ваква помош ќе можете повторно да ги процените различните родителски состојби, да ги видите на еден поинаков начин, а со тоа да воспоставите и поголема контрола над нив. А со тоа ќе стекнете и поголема самодоверба во родителската улога.