Дали љубомората може да се контролира?

Забележувате како љубомората го уништува вашиот однос. Љубоморни сте на секоја личност во животот на вашиот партнер, па дури и на оние кои биле пред вас.
 
Имате потешкотии да воспоставите доверба спрема новите личности  затоа што бившиот партнер ве изневерил. Потребно е да си  си ги  овие прашања: Зошто се чувствувам вака? Кој проблем од минатото ме прави толку сомнителна и чувствителна? Дали во минатото ме изневериле? Дали сум несигурна и од партнерот зависна? Се плашам да не ме напушти зошто мислам дека сама нема да можам? Дали можеби за него не сум доволно вредна за да го задржам неговиот интерес за мене?

Ако сте во постојан страв дека партнерот ќе ве изневери, може да се случи да направите толкава тензија во односот и тој навистина да ве изневери. Треба да се грижите околу тоа што во односот давате. Треба да знаете дека љубомората е лошо скриена потреба за контрола. Таа е потреба да го држите партнерот на „краткок ланец“. Размислете за тоа што ви е потребно? Кои стравови во вас љубомората ги смирува? Во основата на љубомората се наоѓаат две работи:

1. Она што го мислите за себе и како се чувствувате во врска со самите себе. Ако за себе имате лошо мислење, ако сте несигурни, ако не знаете како да ги задоволите вашите емоивни потреби, ќе се потпирате на другите, кои треба да ви кажат како сте паметни, убави, важни...бидејќи самите во тоа не верувате. Што се однесува до вашата потреба за контрола, знаете дека партнерот неможете да го контролирате. Никој не може да спречите да ве изневери или напушти. И овде, треба да размислите за вашата несигурност и стравувања. Колку повеќе себеси се прифаѓате, толку имате помала потреба други да ги контролирате.

2. Она што за другите го мислите. Ако мислите дека е светот преполн со измамници и дека на луѓето не треба да им се верува, сигурно ќе настапувате со недоверба и ќе барате знаци кои упатуваат на тоа дека другите ве изневеруваат или нешто ви сокриваат. Ако сте имале лошо искуство во минатото (пример партнерот ве изневерувал), станувате внимателни и неповредливи и кон новите луѓе во вашиот живот. И повторно, недовербата кон другите говори за тоа како во однос на самите вас, се чувствувате. Ако се чувствувате несигурно и ранливо мора да го подигнете нивото на внимателност према другите луѓе, за да бидете заштитени од тоа да бидете повредени.