Самокритиката може да ви биде од корист во оној дел кога укажува на некоја објективна грешка, но не и во оној дел кога за грешката почнувате немилосрдно да се обвинувате. Кога ќе влезете во замката на самокритиката, станувате помалку способни да ги поправите направените грешки и полесно ги повторувате.
Следниве чекори ќе ви помогнат да го надвладеете критицизмот кон себе:
1. Направете реална процена на сопствените грешки. Ако во нешто сте згрешиле, направете листа на тие грешки. Престанете во главата повторно да ја оживувате сцената во која нешто погрешно сте направиле, говорејќи си како за тоа сте виновни и како тоа никако не сте смееле да го направите. Обидете се од своите грешки нешто да научите. Листата на грешки има за цел во иднина да не ги повторувате.
2. Испитајте ја корисноста од вашата руминација. Руминација е постојана окупираност и одржување на негативни мисли во нашата свест, така што на нив постојано им се враќате. Станувате премногу фокусирани на негативните мисли како што се: ,,зошто ова ми се случува? Неможам да верувам дека сум во ваква ситуација, направив глупава грешка“. Кога руминирате, секогаш се фокусирате на негативните работи и на тој начин не го решавате проблемот. Кога ќе станете свесни дека руминирате, запрашајте се дали тоа ве води кон нешто корисно? Ако е одговорот е НЕ, тогаш фокусирајте се на листата на корисни активности кои можете да ги остварите.
3. Направете листа на корисни активности кои ќе ви помогнат да ги подобрите своите идни постигнувања. Можеби сте направиле некои „глупави“ грешки, но дали сега со нив треба да се оптеретувате? Искористете ги за листата на корисни активности, така што на основа на нив ќе испланирате како нереден пат ќе ги подобрите.
4 .Самокритичноста заменете ја со самокорекција. Самокритичноста вклучува различни и бескоприсни „етикети“ кои самите на себе си ги давате. Самокритичноста ве држи во замка и ве оневозможува нешто да направите Заменете ја со самокорекција. Тоа е план на активности кои ве тераат да одите кон поправање на своите грешки, дава поттик себеси да се унапредувате.