Разлика помеѓу страв и паника

Стравот и  паниката не се идентични чувства, иако паниката е интезивна форма на страв. Меѓу стравот и паниката стои една суштинска разлика. Сите се склони кон страв и повремено го чувствуваат, додека сите не се склони кон паника дури и кога ќе се најдат во реално опасни ситуации. 

Стравот се јавува во ситуации кога проценувате и верувате дека се случува нешто опасно, нешто кое може физички и психички да ве загрози. Таа проценка не мора да биде точна и не мора во реалноста да има потврда. Доволно е да верувате дека некоја ситуација е опасна и да почувствувате страв. Во случај на паника покрај стравот и проценка дека постои некоја опасност, има уште една дополнителна компонента - a тоа е чувството на безпомошност. Не само што верувате дека ситуацијата е опасна, загрозувачка, туку во исто време верувате дека апсолутно ништо не можете да направите таа опасност да ја  спречите или избегнете.

Од каде се јавува (ако сте скони кон паника) , склоност и кон перцепција на сопствена  беспомошност? Беспомошноста се јавува како реакција на неуспешните обиди за надминување на анксиозноста.. Ако сте скони кон анксиозност ќе се обидувате кога таа ќе се појави, да ја контролирате, сузбиете или да ја елиминирате. Ова резултира со уште поголемо зголемување на интезитетот на анксиозноста, нејзиното траење или зачестеност на јавување. И колку повеќе се трудите анксиозноста  да ја запрете и да ја контролирате, таа станува посилна и поупорна. Кога тоа ќе се случи доволен број пати, заклучувате  дека сте беспомошни и дека сте осудена на милост и немилост на анксиозноста и паниката. 

Вистината е токму она спротивното. Имате погрешна стратегија за надминување на анксиозноста и паниките и од таму не сте во состојба да се смирите. Треба да научите како со анксиозносста треба да постапувате, за да таа почне да се повлекува , за да  може  да ви се врати довербата во сопственото чувство на контрола. Што би можеле да изведете како заклучок? Сржта на паниките е чувството на беспомошност. Спротивно на  чувството на безпомошност е контролата. Кога се чувствувате беспомошни имате впечаток дека немате контрола врз сопствените емоции и околности. Она што ви го засилува чувството на беспомошност е вашето верување дека причината за вашата немоќ е во вас самите,  дека како личност сте немоќни. Тоа воопшто не е точно. Она што ве прави немоќен се неадекватните стратегии за надминување на стресот. А тие стратегии не се ништо друго, туку вештини. Можете да ги научите.

Побарајте стручна психолошка помош, не само затоа што имате паника, туку и да ги научите споменатите вештини. Така ќе може да си ја повратите довербата во сопственото чувство на контрола, ќе се чувствувате сигурно и ќе престанете себе да се перцепирате како беспомошна личност.