За да се ослободите од негативното чувство на вина, направете го следново:
1. Престанете деструктивно да се самокритикувате.
Ако некој друг деструктивно ве критикува, љубезно одбијте го тоа и кажете му дека би му биле благодарни да не говори работи кои немаат никаква врска со вистината.
2. Престанете да ги обвинувате другите и преземете ја одговорноста за сопствениот живот
3. Не дозволувајте други да манипулираат со чувството на вина
Секогаш кога некој тоа ќе го направи, а вие премолчите, наредниот пат ќе му биде полесно да манипулира. Почитувајте ги другите, но само до границите на вашиот интегритет. Има два начини на борба против манипулација со чувството на вина:
А. Подигнување ѕид на молчење. Ако не реагирате неколку пати, другите ќе престанат, затоа што ќе увидат дека не им успева тактиката. Едноставно кажано- не им давајте да ве испровоцираат, не одговорајте на непријатни прашања, не ги објаснувајте своите постапки. Одбијте да реагирате и да објаснувате. Не заборавајте дека оние кои се обидуваат да ви наметнат чувство на вина, најчесто тоа несвесно го прават, што може да ви помогне сето тоа полесно да го поднесете и објективно да го оцените.
Б. Кажете му, тоа да не го користи. Со мирен, пријателски но отсечен тон ќе биде доволно да му го поставите прашањето: „дали ти се обидуваш јас да се почувствувам виновен?“
4. За да се решите од чувството на вина, престанете да говорите за вината на другите.
5.Простете.
Најдете начини она што другите грешно ви го правеле, да им го простите. Тоа не значи дека повторно тоа може да го направат. Околу начините на простување: просто простете им и тоа задржете го во себе. Може тоа да им го кажете и така да им дадете до знаење дека не сте лути. Или напишете им порака. Треба да простите заради самите себе. Ако сакате после простувањето со тие луѓе, може и единствен збор да не проговорите. На сите луѓе кои на некој начин ви нанеле некакво зло, било кога и во било која форма, големина, простете им. Тоа не значи заборавање. Тоа е симнување на тој силен емотивен товар од својот грб. Ако пак вие сте нанеле некаво зло, извинете се (не е важно дали другиот тоа извинување ќе го прифати или не).Така спречувате другите да манипулираат со вашето чувство на вина.