Со оспорување на негативните базични убедувања до поголема самодоверба

Негативните базични убедувања се заклучоци за нас самите, до кои сме дошле во периодот на детството, на основа на негативните искуства кои сме ги доживеале. На пример, дете кое постојано е казнувано и критикувано, може да дојде до заклучок односно убедување како на пример: ,, Јас сум бескорисен“ или ,,Јас сум лош“. Овие мисли се тоа што го нарекуваме негативни базични убедувања. За дете, или за млада личност, пораката која ја добила од надвор станала премногу битна, така што негативните критики лесно станале дел од нивниот идентитет. Тоа се проценки за нас самите и за тоа колку ние вредиме како личности. Еве уште некои примери за негативни базични убедувања: ,, Јас не сум важен“, ,, Не сум допадлив“, ,,Грд сум“,  ,,Не сум прифатен“, ,,Јас не вредам“.

Еден од многуте начини да се избориме со негативните базични убедувања е нивното оспорување. Оспорувањето е еден вид психотерапевтска техника со која негативните базични убедувања се обезсмислуваат, а на нивно место доаѓаат нови ,,здрави“ и ,,корисни“ убедувања. Следува приказ на чекорите на овие техники низ еден конретен пример.


1.    Одберете едно негативно базично убедување

Веројатно можете да одберете неколку негативни базични убедувања. Одберете едно кое за вас е најзначајно, односно кое најмногу ве вознемирува и ве спречува нормално да функционирате. За целта на овој пример ќе го одбереме убедувањето: ,,Јас сум неспособен“ .Ова убедување претставува слика за себ,е како некој кој не умее ништо да направи како што треба, кој не е доволно стручен на работа, училиште и слично. Откако ќе одберете некое негативно базично убедување, забележите колку верувате во него ( на скала од 1 % до 100 %) и кое чувство кај вас го предизвикува. На пример, 85% чувство на депресија, тага и слично.


2.    Развивање ,,здраво“ базично убедување

Во овој чекор, потребно е да се најде замената, алтернативата на негативното базично убедување кое е корисно за нас и да се замени старото со ново убедување. Треба да се води сметка, новото убедување едноставно да не го ,,закопа“ старото. Во таа смисла, не треба да кажете:,, Јас сум способен“, туку: Јас сум способен за некои работи, за некои не сум“ или: ,,Имам некои слабости како и другите, но сум добар за многу работи“. Тоа што ќе го кажете треба да биде реално и да се создаде објективна слика за себе, а не да се приоѓа со премногу позитивен или негативен став. Друга исто така многу важна работа која треба да ја сфатите е дека доколку не направите нешто како што треба или како што сте го замислиле, тоа не значи дека не вредите како личност. Кога ќе најдете алтернативно убедување, забележите колку верувате во него и како се чувствувате кога ќе изговорите како тоа да е ваше убедување (на пример, 30% чувство на смиреност, прифатеност и слично.)


3.    Оспорување на старите убедувања

Во оваа фаза се испитува: Кои реални докази ги имате за да создавате така негативна слика за себе? Кои искуства ги користите за да можете да ги докажете тие ваши негативни убедувања? На пример, можете да кажете:

-Постојано сум анксиозен
-Постојат други луѓе кои се подобри од мене
-Сите други знаат што прават, само јас незнам
-Правев грешки и работите ми тргнаа наопаку
-Шефот ми кажа дека сум бескорисен
-Сѐ ми се чини тешко и напорно
-Работите не ми одат од рака спонтано



Меѓутоа, постојат алтернативни начини на гледање на ,,доказите“ кои сте ги изнеселе. На пример, :

-Чувтвото на несгурност е симптом на анксиозноста – тоа не значи дека неможам ништо да направам.
-Секогаш ќе постојат луѓе кои се подобри од мене. Многу од нив имаат повеќе искуство од мене. Тоа не значи дека сум некомпетентен. Секогаш може да се усовршувам.
-Неможам сигурно да знаам дека сите останати знаат што праат, иако тоа така делува на прв поглед. Тие внатре во себе можеби се чувствуваат исто како и јас.
-Сите прават грешки. Не е искрено тоа да го земам како доказ за своајта неспособност.
-Шефот кој ме критикувал тоа го прави со сите, не само со мене. Затоа, тоа неможе да биде доказ дека нешто не е во ред со мене.
-За да можат нешто да научат, луѓето мораат да го повторуваат повеќе пати. Тоа е механизам кој постои кај секого, зошто би морал да с еразликувам од другите.

Еднаш откако ќе успеете да откриете поинаков начин на разбирање на фактите за своите стари негативни базични убедувања, полека ќе започнете да ги применувате во својот живот. Ќе наидете на потешкотии зараради старите базични убедувања кои силно се врежани. Но возможно е постепоно да ги заменувате со нови.


4.Поддржете ги новите убедувања

Сте потрошиле време во подржување на старите негативни убедувња со докази кои ги наведовме во чекорот број 3. Сега е време да ги подржите новите убедувања. Најпрво што треба да направите е да усвоите алтернативен начин на гледање на работите кој е опишан во чекор под број 3. Друго што е потребно да направите е да го промените сопственото однесување во склад со новото убедување:

-Соочување со ситуацијата –а не одбегнување
-Гледање на ситуацијата како на предизвик, а не како на извбор на опасност
-Превземање акција без оглед на тоа што претходно не сте ги превзеле сите мерки на внимание
-Да се потсетите на сите своите позитивни карактеристики и успех
-Да бидете активни и да учествувате во животот

Кога ова ќе го примените, со текот на времето вашиот степен на верување во новото убедување ќе се зголеми, додека степенот на убеденост во негативното убедување ќе опадне. Бидете упорни, бидејќи не треба да заборавите дека само од убедувањата ќе зависат и вашите емоции и вашите реакции. А ќе се согласите, дека многу покорисно е да се чувствувате смирено, отколку депресивно во извршувањето на своите секојдневни активности.