Комфорна зона е кога се чувствувате некако притаено, мирно и сѐ ви e по мерка и се чувствувате пријатно дури и кога ве опколуваат работи на кои се жалите. Таа е колосек по кој се движите. Тоа се работите кои често ги повторувате и се случуваат во сите ваши животни области (видот на храната која вобичаено ја јадете, видот на работата од која живеете, места кои ги посетувате, начинот на кој размислувате).
Комфорната зона е поврзана со ПРЕТСТАВАТА КОЈА ЗА СЕБЕ ЈА ИМАТЕ. Претставата е променлива и зависи од тоа што за себе го мислите. Заради менливоста на претставата за себе, може да имаме повеќе комфорни зони. Кога се однесувате во согласност со претставата која за себе ја имате, се наоѓате во својата комфорна зона. Ако од неа излезете се јавува страв и стрес. Прифаќајќи го она што за себе го кажувате, доаѓате таму каде што мислите дека припаѓате. Ако се чувствувате непријатно, тоа е знак дека треба да излезете од комфорната зона. Притоа, емоциите кои се јавуваат треба да ги набљудувате. Ако се појави страв – тоа не е знак дека сте во некоја реална опасност. Препознавањето на комфорната зона, понекогаш е непријатно зошто сме научени да не ги преиспитуваме класичните модели на функционирање во секојдневието (на пример, иако не сте задоволни со работата која ја работите, сепак имате работа).
Секоја комфорна зона, ја искривува вистината за тоа што сакаме и ја сокрива вистинската слика за тоа во каква животна структура моментално се наоѓаме. Комфорната зона создава чувство на монотоност. Ако имаме ваква состојба во однос на еден наш животен сегмент, тоа се прелива и на останатите животни сегменти (бидејќи сите животни сегменти меѓусебно се испреплетени и поврзани). Во комфорната зона сме сигурни, знаеме што каде е, знаеме како функционираме во свој свет и не сакаме да се изложуваме на непријатност, на непознатост и страв. Но, за да стекнеме нови знаења и искуства, мора да ја пречекориме таа граница. Тогаш добиваме можност да се развиваме како личности. Добиваме нов свет, успех, уживање во животот и можност за исполнување на нашите соништа.
Комфорната зона е важна - во неа развиваме рутина, имаме чувство на заштитеност и сигурност. Но, таа не дава можност да растеме и да се развиваме, за да можеме во иднина успешно со многу ситуации и луѓе да излегуваме на крај. Комфорната зона е она што ни е познато, она во кое што имаме доверба и она на кое сме навикнати. Таму не сме физички ограничени, но во неа ја создава својата рутина, познат колосек. Удобна е зошто во неа се чувствуваме сигурно, во неа однесувањата се познати како и нашите чувства и размислувања. Може да ја наречеме и РЕЛАТИВНА ПРЕДВИДЛИВОСТ. И тоа е добро сѐ до моментот кога ќе ни се појават желби, кои бараат поинакво однесување и поинакви одлуки, до моментот кога ќе препознаеме дека сакаме повеќе и да одиме понатака. Во комфорната зона, покрај баналните работи кои во неа се наоѓаат (на пример со исти луѓе и на исти места пиеме кафе), се наоѓаат и: начинот на кој сме навикнати да мислиме, ограничувања кои се последици на таквото размислување, а кои себе си ги наметнуваме, начините на кои себеси се проценуваме, исти критериуми до кои се држиме, пристанување на различни компромиси кои не враќаат во комфорната зона. Ова доведува до тоа да често сами на себе да си поставуваме невозможни пречки како „нема да успеам“, „тоа е невозможно“. А кога доаѓаме до заклучок дека нема да успееме, полека се откажуваме од нашите желби и сништа. Грчевото држење до комфорната зона е последица на нашето РИГИДНО МИСЛЕЊЕ (кога мислиме ригидно, имаме ирационални убедувања кои го кочат развојот на нашите потенцијали и нашиот личен развој.
Зошто да излеземе од комфорната зона, ако тоа е ризик? Зошто превземањето на разумен ризик е еден од критериумите на психичкото здравје. Не пријатно да се излезе од комфорната зона. На некои тоа им оди полесно, на некои потешко.
Излегување од комфорната зона
Ако знаеме што сакаме и ги знаеме своите цели, зошто ништо не превземеме и ако превземеме се откажуваме и се враќаме во комфорната зона? Одговорот е – БИДЕЈЌИ ТАКА СМЕ НАУЧЕНИ (да се биде добар, да не се отскокнува од просекот, да не се поставуваат многу прашања, да не ја развиваме својата радозналост и ако како млади сме имале некаков сон од него да се откажеме. Што да направиме? Погледнете длабоко во себе и пронајдете ја својата визија на иднината. ДА НЕ ПОСТОЈАТ НИКАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА НА ОВОЈ СВЕТ И ДА НЕ ПОСТОИ ШАНСА ДА НЕ УСПЕЕТЕ, ШТО Е ТОА ШТО ВИЕ БИ ГО НАПРАВИЛЕ? Побарајте одговор на прашњето: ШТОЕ ТОА ПО ШТО БИ САКАЛЕ ДА ВЕ ЗАПАМТАТ КОГА ЌЕ ОДИТЕ ОД ОВОЈ СВЕТ? Ова е најважното прашање кое треба да си го поставите и да го побарате одговорот. РАЗДВИЖЕТЕ ГО СВОЈОТ УМ ДА ЈА БАРА СВОЈАТА ВИЗИЈА. Само визијата може да ве раздвижи. Денот кога таа ќе се појави, ќе ќе биде вашиот пронајдок кој ќе го препознаете.
Поврзани блог статии