,,Дали можам?“ Тоа прашање луѓето често самите на себе си го поставуваат во животот, кога ќе се најдат во неизвесна, нејасна ситуација, во ситуација за кои е потребно да се направат некакви промени, да се превземе акција или да се донесе важна одлука. Често самите се прашуваме, дали можеме нешто да направиме, што всушност веќе сме го направиле? Кога се запрашувам дали можам, дали тоа априори значи дека се сомневам во сопствените способности? Дали способностите се тоа што им недостасува на луѓето, за да тргнат напред? Во повеќето случаи, способностите недостатокот на способности не е проблем.
Што е одлучувачкиот фактор за успех или неуспех?
Се работи за мотивација, пококретно за недостаток од мотивација. Мотивацијата е подеднакво важна како и способностите. Без мотивација, не е возможно да се оствари ниедна цел без оглед на тоа што личноста располага со потребните способности и квалитети. Мотивацијата може значајно да се менува, за разлика од способностите кои во принцип се фиксирани. Имајќи го тоа во предвид, виситнското прашање кое треба да си го поставите на себе не е дали јас можам, туку дали јас тоа навистина го сакам? Или, дали тоа доволно силно го сакам? Ако не, зошто не? Кога човек навистина нешто сака, тој може тоа и да го оствари. Тоа што доволно силно се сака, речисе секогаш и се остварува. Порано или подоцна, тоа ќе се оствари.
Кога настанува проблемот?
Проблемите настануваат кога несакаме нешто доволно силно, а во исто време свесно се убедуваме дека тоа го сакаме. Тоа е чест случај, зарем не? Сакаме себеси да признаеме дека всушност постојат некакви прични заради кои всушност не сме подготвени целта да ја оствариме. Од една страна, целта е привлечна, а од друга страна и не е. Има и друг случај кога целта е привлечна, но постојат извесни пречки со кои не сакаме да се соочиме.
Проблемот со мотивацијата настанува кога:
1. Кога целтa ја перцепирамекако недовлно привлечна
2. Кога перцепираме дека мора да вложи повеќе напор за достигнување на целта.
3. Постои неподготвеност во определен момент целта да се оствари
4. Кога добивката од целта е краткорочна
5. Кога остварувањето на целта претставува компензација за некој проблем
6. Кога остварувањето на целта создава некои нови проблеми
7. Кога имаме страв од неуспех
Проценките може да бидат реални или помалку реални. Некои луѓе, се склони да веруваат дека целите треба да се остваруваат без многу вложување напор. Некои пак не се реални во проценката колку целта им е привлечна, бидејќи се склони да го фаворизираат она што им е привлечно, а да го негираат и минимизираат тоа што не е привлечно. Нереалните проценки често доведуваат до пад на мотивацијата кога личноста е принудена да се соочи со реалноста.
Како да се мотивирате за да можете да остварите некоја цел?
Најпрво, бидете потполно искрени кон себе. Тоа е правило број еден. Поставете си ги себеси следните прашања:
- Дали таа цел, јас навистина ја сакам? Понекогаш луѓето се убедени дека нешто сакаат, а кога тоа ќе го добијат, сфаќаат дека тоа не е тоа што навистина им треба. Тоа најчесто е случај кога личноста посакува нешто, како би компензирале некој проблем или недостаток.
- Што очекувам дека ќе добијам кога ќе ја остварам целта ?
- Кои желби ќе ми се остварат кога ќе ја остварам таа цел?
- Како ќе се чувствувам кога ќе го добијам тоа што го сакам?
- Кои ресурси ми се потребни за да можам да ја остварам таа цел?
- Што би требало да научам, направам, променам кај себе за да бо се остварила таа цел?
- Колку треба да се потрудам, за да ја остварам таа цел?
- Дали сум подготвен да истраам во вложувањето труд, за да би стигнал до крајот?
- Кои пречки може да се јават на патот кон остварувањето на целта?
- Каков е односот помеѓу доброто што ќе го добијам кога целта ќе се оствари и трудот што треба да го вложам, за да може целта да се оствари? Ако тој однос е позитивен, тоа значи дека сум мотивиран.