Зошто некои луѓе имаат висока, а некои ниска самодоверба?
Што е причината за тоа: во строгиот внатрешен критичар, негативните мисли, неумешноста да се постават лични граници и да се каже "НЕ"...?
Сe чувствувате несигурно и имате чувство на помала вредност? Сакате да имате поисполнет живот од овој кој сега го живеете? Но, стравовите ве кочат и се откажувате од превземање било каков чекор кој ќе ве „извади“ од состојбата на несигурност. Се срамите и се плашите од тоа да бидете отфрлени и критикувани. Имате чувство на помала вредност и вина кога за тоа нема видливa причина? Колку пати самите за себе си кажавте дека сте бескорисни, безвредни, непривлечни, губитници? Колку себеси не се сакате, колкава лоша слика за себе имате? Мислите дека не заслужувате ништо добро и дозволувате другите да ве обесхрабат. Не ги познавате своите приоритети и не знаете што сакате да работите.
Што е причина за сето ова што ви се случува?
Дознајте ги овие како и многу други одговори на нашиот
ТРЕНИНГ ЗА САМОДОВЕРБА.