Работи кои луѓето со висока самодоверба не ги прават


Добро е познато дека високата самодоверба е есенцијална состојка за успех во било кое подрачје од нашиот живот. Без таква самодоверба, ние се плашиме да превземеме ризици и немаме храброст да ги видиме и истражиме широките хоризонти во нашите животи. Луѓето со висок степен на самодоверба, веруваат во својот успех. Ако вие не верувате во себе, тогаш зошто некој друг би верувал? За да можете да ја зголемите вашата самодоверба, размислите за овие работи, кои луѓето со висока самодоверба не ги прават.

1. Не измислуваат изговори – луѓето со висока самодоверба, владеат со своите мисли и дела. Не им е сообраќајот виновен што задоцниле на работа - тие задоцниле. Не ги оправдуваат своите пропусти, со изговори како што се: ,,Немам време“ - тие наоѓаат време . 

2. Не дозволуваат стравот да им биде пречка на патот – луѓето со висока самодоверба, не дозволуваат стравот да владее со нивниот живот. Тие знаат дека работите од кои се плашат, најчесто се оние работи кои всушност треба да ги направат, како би можеле да достигнат до поголем степен од својот личен развој.

3. Не живеат во балонот на комфорноста – луѓето со висок степен на самодоверба, излегуваат од својата комфорна зона, бидејќи знаат дека тое е местото во кое соништата изумираат. 

4. Не одложуваат за блиска иднина – луѓето со висок степен на самодоверба, знаат дека добриот план реализиран денес е подобар од извонредниот план  кој би се реализирал во блиска иднина.  Тие не чекаат да дојде  ,,вистинското време“, нити да се ,,наместат коцките“. Тие дејствуваат сега, овде и денес – бидејќи тука е напредокот.

5. Не се оптоваруваат со мислењето од другите –луѓето со висока самодоверба, не се впуштаат во негативни повратни информации. Тие водат сметка за доброто на останатите луѓе и настојуваат позитивно да влијаат на светот, но не запливуваат во негативните мислења на кои неможат да имаат влијание. Знаат дека вистинските пријатели ќе ги прифатат онакви какви што се.

6. Не ги осудуваат другите – луѓето со висока самодоверба, не толерираат непотребна, самонаметната драма. Не чувствуваат потреба да ,,зборуваат зад грб“, да озборуваат, нити да се конфронтираат со оние што имаат поинакво мислење. До тој степен се задоволни со себе,  што немаат потреба другите да ги ,,гледаат од високо“.

7. Не дозвулаат недостатокот од ресурси да ги сопре – луѓето со висока самодоверба, можат да ги искористат сите ресурси кои им се на располагање, без оглед да тоа дали се ограничени или во помала мера. Знаат дека сѐ е возможно кога си креативен и кога не сакаш да се откажеш. Не се жалат на поразите, туку го насочуваат своето внимание и енергија кон пронаоѓањето решенија.

8. Не се споредуваат – луѓето со висока самодоверба, знаат дека со никого не се натпреваруваат. Не се натреваруваат со ниедна личност, освен со личноста што биле вчера.

9. Не наоѓаат задоволство во задоволување на другите – луѓето со висока самодоверба, не ги интересира тоа дали ќе ја задоволат секоја личност што ќе ја сретнат. Свесни се за фактот дека неможе секој да се сложи со нив – таков е животот. Тие се концентрираат на квалитетот, а не на квантитетот на односите.

10. Не ги одбегнуваат непријатните вистини – луѓето со висока самодоверба, ,,ги сечат проблемите во коренот“. Тие знаат дека како проаѓаат деновите, неделите, месеците, нерешените проблеми само се множат. Попрво ќе направат ,,непријатен“ разговор со партнерот денес, отколку да ги скоријат проблемите ,,под тепих“ и да ја стават довербата на коцка.

11. Не се откажуваат заради малите потешкотии – луѓето со високата самодоверба секогаш кога ќе паднат – стануваат. Тие знаат дека неуспесите се составен дел од процесот на растењето. Тие се како некој детектив, кој е во потрага по откритие зошто некој план не успеал. Откако ќе го модифицираат својот план, се обидуваат повторно (но овој пат подобро).

12. Не им е потребно ничие одобрување за делување  - луѓето со висока самодоверба, делуваат без предомислување. Секој ден се потсетуваат: ,, Ако не јас самиот, тогаш кој“?