Лутината е сосема нормална и здрава човечка емоција. Кога сте лути, чувствувате како срцето забрзано ви работи, ви се случила хипертензија или адреналинот ви се покачил. Може да ве налути конкретно некоја личичност,како што може да ве налутат и одредени ситуациии, како на пример со сообраќајниот метеж.
Но, и внатрешните случувања како на пример вашата напнатост, загриженоста околу некои лични проблеми или сеќавањата на трауматските доживувања, неправедни животни исходи, можат да бидат иницијални каписли за појава на лутина. Лутината инстиктивно ја изразувате со покажување на агресивност. Кога таа ќе излезе од контрола, се претворува во бес и станува деструктивна, па може да ви создаде бројни проблеми како на работа, така и во приватниот живот. Кога сте бесни, имате чувство како да сте во некоја немилост на силна и непредвидлива емоција која управува со вашиот живот.
Има поединци кои во споредба со други, успеваат или воопшто не успеваат да ја исконтролираат својата лутина.Тие, не научиле како да ја изразат и конструктивно да ја канализираат својата лутина. Ако лесно се лутите голема е веројатноста дека доаѓате од семејства кои се хаотични и невешти во емоционалната комуникација.
Постојат три начини на контролирано изразување на вашата лутина:
Првиот, т.н. асертивен начин го практикува личност која сама себе се почитува, но ги почитува и другите, па така таа сосема отворено, но адекватно ќе ги изрази своите желби, чувства размислувања, како што и ќе каже како тие нејзини потреби може да бидат задоволени без притоа другите да бидат повредени.
Вториот начин е со потиснување. Тоа се случува кога личноста ќе престане да мисли за изворот на нејзината лутина и ќе се фокусира на нешто друго за да ја спречи лутината и да ја смени во конструктивно однесување. Овде како проблем се јавува опасноста лутината која не била надворешно покажана да се сврти внатре и да предизвика хипертензија или депресија. Може да предизвика и патолошки форми на однесување и изразување на лутината како што е пасивната агресија ( молчење, преговорливост, нападно смеење, цинизам, сараказам, хостилност и други начини на фрустрирање и иритирање на другите луѓе без „очигледна причина“.
Смирувањето е третиот начин. Личноста не само што го контролира своето надворешно, туку го контролира и своето внатрешно размислување и чувствување.
Доколку не знаете да примените некоја од наведениве техники или сте личност која има сосема низок праг на толеранција на фрустрација, па лесно излегувате од контрола и притоа другите ги повредувате, а тоа ваше агресивно однесување го толкувате како „добар начин на исфрлање на бесот од себе“ потребна ви е стручна психолошка помош и ве советуваме да ја побарате.